Црна хроника
Пациентка од „Демир Хисар“ тешко повредена откако испаднала од болнички автомобил
Вчера на патниот правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за селото Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило.
Автомобилот бил во сопственост на болницата, кое го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата, информираат од МВР.
Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.