Македонија
Спасени дехидрирани велосипедисти кои залутале кај селото Кожле
Во драматична спасувачка акција денеска се спасени двајца велосипедисти кои биле пронајдени после селото Кожле.
Дехидрирани и снеможени велосипедистите биле лоцирани во суровиот предел без вода. Двајцата залутале по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Тие ја испиле сета вода што ја носеле со себе, а биле на терен во текот на целиот ден.
„Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – полицијата и со Брзата помош“, информираат од Центарот од каде добиле повик на телефонскот број 112 околу 15 часот.
Оперативците биле во постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се’ повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку oслабениот говор при комуницирањето преку телефон.
Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа двајца припадници на полицијата продолжиле пеш да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт. Ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16 часот. Паралелно било контактирано со Брзата помош за да дојде, додека ги извлекуваат велосипедистите, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

