Економија
Новата OPEL ASTRA пристигна во Македонија
На 24.6.2022 во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на Opel – Новата Opel Astra! На 24.6.2022 во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на Opel – Новата Opel Astra! Новата Opel Astra успеа да предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред пристигнувањето. Сето тоа доведе до уште поголемо нетрпение кај потенцијалните клиенти и зголемен интерес за новиот модел.
На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост.Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra.

Продукт менаџерот за Opel – Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави: „Сосема новата ASTRA….Зборува сама за себе.Дизајнирана, развиена и произведена во Германија.Новата ASTRA изгледа сега подобро (можеби и одлично).со чист и смел дизајн…со интересен детаљ од својот славен предок Opel Kadett D.“
А потоа ги нагласи сите елементи/новитети кај овој модел кои го прават возењето уште подобро:- Со новата ASTRA се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар….дури 4 пати повеќе од ривалите.
– Во новата ASTRA се дише подобро со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси.

– Во новата ASTRA, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro.
– Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта (подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)… масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта.- Во новата Astra се вози дефинитивно подобро на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација: турбо бензински 1.2 110ks и 1.2 130ks, вториот покрај 6 степен мануелен впарен и со 8-степен автоматски менувач…и дизел 1.5 со 130ks и АТ8.
Денес, дополнително со plug-in hybrid-на технологија и вкупна хибридна снага од 180кс или 225кс ….а идната 2023 година целосно електрична.

Новата Opel Astra ќе биде со почетна цена од 21.700 еур.
Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата Astra ву дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто.
ПР – текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Кожувчанка“ го започнува големиот „Еко авантура“ караван во предучилишните установи низ целата држава
Компанијата „Кожувчанка“, препознатлива по својата долгорочна посветеност на квалитетот, заедницата и општествената одговорност, го најавува почетокот на големиот „Еко авантура“ караван – едукативен проект наменет за најмладите.
Караванот ќе започне во Скопје, со посети на предучилишните установи во сите општини, а потоа ќе продолжи и низ целата држава. Преку оваа иницијатива, „Кожувчанка“ ја демонстрира својата континуирана грижа за заедницата, вложувајќи во образованието на децата и во развојот на свеста за важни општествени и еколошки вредности.
Во рамките на караванот, децата ќе имаат можност да ја проследат детската театарска претстава „Еко авантура“, во изведба на Продукција Триангл. Претставата на забавен и интерактивен начин ја пренесува пораката за зачувување на животната средина, вредноста на рециклирањето и важноста од редовна консумација на вода.
Преку игра, музика и учество, најмладите ќе научат како секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава планета.
Со овој проект и преку својата вода Изворска Јуниор во ЕКО амбалажа, „Кожувчанка“ уште еднаш го потврдува својот статус на општествено одговорна компанија која вложува во иднината, во децата, во нивното образование и во одржливиот развој.
(ПР)
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.

