Македонија
Регистрирани 180 нови ковид-позитивни – нема починати
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.6 до 26.6.2022) направени се 2.880 теста, а регистрирани се 180 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Битола и Струмица – по 5, Штип и Неготино – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево – по 2, Струга, Ресен, Радовиш и Делчево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (180), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 153 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран – по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод – по 3, Гостивар, Кичево и Ресен – по 2, Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.6.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

