Регион
Анкета во Србија: Вучиќ е попопуларен од Путин за само еден отсто
Српскиот претседател Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од Владимир Путин во Србија. Ова го покажало истражувањето на „Демостат“, пренесува „Н1“.
Најпопуларен српски политичар, по Вучиќ е претседателот на Република Српска – Милорад Додик, а граѓаните го доживуваат Виктор Орбан како домашен лидер.
Едно од прашањата на анкетата – истражувањето било и тоа кои луѓе граѓаните на Србија ги сметаат за најблиски кога е во прашање опкружувањето.
Секој трет испитаник рекол дека тоа се Црногорците, а четвртина ги сметаат Македонци за најблиски.
Доколку утре има референдум за влез на Србија во Европската Унија, „ЗА“ би гласале 34 отсто од граѓаните, додека 51 отсто од испитаниците се против влез во Унијата.
Истражувањето на „Демостат“ е спроведено во периодот од 13 до 22 јуни, а во него учествувале 1.203 граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брнабиќ за усвојувањето на резолуцијата: „Пирова победа и фаул на големите западни елити“
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница претставува „пирова победа и фаул на големите западни сили“.
Во ОН членуваат 193 земји, а Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница беше усвоена вчера со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.
Брнабиќ за РТС изјави дека Србија покажала како се бори за своите интереси, светот и меѓународното право и не дозволила „ народот да биде жигосан“.
„Сето ова сега е многу свежо и една работа што ја научив од претседателот на Србија Александар Вучиќ е дека не треба да реагирате набрзина“, рече таа.
Вака таа одговори на прашањето за идните односи на официјален Белград со земјите од европскиот континент кои ја поддржаа Резолуцијата, на која Србија се противи.
„Сè што ќе кажам е доста емотивно, мене лично ќе ми биде исклучително тешко да продолжам да работам со земјите кои беа спонзори и коспонзори на таа резолуција“, рече таа.
Таа додаде дека „во секој момент“ ќе се чувствува многу поблиска со земјите кои гласаа против, воздржани или ја напуштија просторијата кога се гласаше за резолуцијата.
„Ние секако треба да продолжиме да работиме со нашите партнери, а тоа е во наш национален интерес и со земјите-членки на ЕУ“, рече таа.
Рече и дека „во секој момент“ секогаш ќе биде со земјите што беа со Србија во ОН и им се заблагодари на сите што ги поддржаа позициите на Белград.
Регион
Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир
Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
Османи вели дека со усвојувањето на резолуцијата, светот им дава можност на идните генерации да учат од геноцидот во Сребреница. Наведува дека признавањето е клучен чекор кон помирувањето и борбата против негирањето на геноцидот.
„Тоа е неопходно за исцелување и траен мир, обезбедување утеха на мајките на Сребреница и на сите преживеани членови на семејствата, обезбедувајќи дека нивните најблиски никогаш нема да бидат заборавени“, рече таа.
Испрати порака до оние кои работеа против резолуцијата.
„Негирањето на геноцидот никогаш нема да го отвори патот за мир. Гласовите на оние кои ги трпеа овие ужаси како деца, не потсетуваат дека ставањето крај на негирањето на геноцидот не е само политичка и правна обврска, туку и колективна морална должност.
Мора да бидеме обединети во борбата за вистината и правдата. Да се водиме од едно остро потсетување во зборовите на едно невино дете кое ја прашува мајка си: „Мајко, војниците убиваат деца со мали куршуми, нели?“, напиша Османи на Х.
Регион
Земјотрес рано утринава ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Грција, западно од островот Крф, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 6:29 часот по локално време, на 34 километри од островот Отони во Јонското Море.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,8 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.