Свет
Најмалку пет жртви во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер во Иран

Најмалку пет лица загинаа во јужен Иран откако утринава земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала ја погоди таа област, по што следувале уште два силни потреси со јачина и до 6,3 степени по Рихтер. Потресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
„Петмина луѓе загинаа, а до сега 12 се хоспитализирани“ изјавил началникот за вонредни ситуации во провинцијата Хормозган, пренесува „Ројтерс“.
? First reports from the area show severe damage after tonight's 6.1 and 6.2 earthquake in Southern Iranpic.twitter.com/EBq5tDWhkw
— llátzer ?️? (@llatzr) July 2, 2022
Тој наведе дека спасувачката акција е завршена и обезбедени се шатори за сместување на итните случаи.
Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека првиот потрес го срамнил со земја селото Саје Кош во близина на иранскиот брег. Следувале уште десетина потреси.
Во Иран се вкрстуваат главните геолошки раседни линии и претходните години земјата претрпела неколку разорни земјотреси, наведува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полскиот претседател по средбата со Трамп: „Почувствував промена кај него“

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека забележал „промена на мислењето“ кај Доналд Трамп во врска со Владимир Путин, објави polsatnews.pl.
Сумирајќи го разговорот, Навроцки ја нагласи важноста на изјавите за безбедноста, но и повикот за самит на Г-20 и дискусијата за увоз на американски гас со цел Полска да стане независна од руските извори на енергија.
Една од клучните цели на посетата беше да се обезбеди понатамошно американско воено присуство во Полска.
„Патував со надеж дека ќе можам да постигнам ниво на разговори на кое присуството на американски војници во Полска ќе се зголеми, а не ќе се намали. И успеав во тоа“, рече Навроцки, додавајќи дека се согласиле дека во иднина треба да размислуваме и за проширување на ова присуство.
На прашањето дали станува збор за проектот „Fort Trump“, кој вклучува постојана база на американските сили во Полска, претседателот одговори потврдно.
„Целата оваа дискусија се врти околу проекти кои директно потсетуваат на „Fort Trump“. Имам голема надеж дека ќе се вратиме на таа идеја“, рече тој. Нагласи дека е прерано за детали, но дека целта е да се создаде простор за американски инвестиции и економска и технолошка соработка.
Навроцки рече дека забележал промена во ставот на Трамп кон рускиот лидер.
„Мислам дека ја зајакнав промената на Трамп во перцепцијата за Владимир Путин. Ги споделив моите ставови за Руската Федерација со американскиот претседател“, рече тој.
Навроцки верува дека Трамп е „единствената личност во светот која е способна да преговара со Владимир Путин и да донесе мир“ и дека треба да биде поддржан во овие напори.
„Можам да кажам дека Доналд Трамп е лидер кој знае да слуша. Ова е охрабрувачко и исклучително важно, бидејќи зборуваме за претседателот на најголемата светска сила кој знае да слуша, поставува прашања, сака да знае и е отворен за аргументите на другите“, рече Навроцки.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа, вклучувајќи ја најголемата рафинерија на Роснефт во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт „Мадијар“ Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев Индепендент“.
„Бензинот (во Русија) е при крај, додека гасот и нафтата брзо исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.
💥 Drones hit a refinery in Russia’s Ryazan, setting it ablaze. Ukraine confirms strikes on both the Ryazan refinery & an oil depot in occupied Luhansk. #MakeRussiaPay pic.twitter.com/PaSlQskXGq
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) September 5, 2025
Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што брзо се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.
Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август, кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 5, 2025
Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дронови биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона, тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментираше директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.
Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск, локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот навечер. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) „Телеграф“: Ова е веројатно најопасното 12-годишно девојче на светот

По појавувањето покрај својот татко во Пекинг, Ким Џу-ае, ќерката на севернокорејскиот лидер, стана главна тема на разговор во светот како негов најверојатен наследник. Додека Владимир Путин, Шји Џјинпинг и Ким Џонг-ун можеби се шегуваа за тоа како ќе останат на власт засекогаш, се чини дека Ким има конкретен план за иднината, а тој вклучува млада девојка во елегантен црн костим, пишува „Телеграф“.
Кое е најмоќното девојче во светот?
Ким Џу-ае, која излезе од оклопен воз во кинеската престолнина веднаш зад својот татко и стоеше покрај него поголемиот дел од посетата, е единственото признато дете на севернокорејскиот лидер. Се проценува дека има 12 или 13 години, а според разузнавачката агенција на Јужна Кореја, таа е најверојатниот наследник.
Нејзиното претставување пред Шји, Путин и остатокот од светот како еден вид наследник испрати недвосмислена порака. „Дека династијата Ким не оди никаде“, објаснува Едвард Хауел, предавач по меѓународни односи на Универзитетот „Оксфорд“. Во земја во која секое јавно појавување на лидер е строго кореографирано, таквата порака може да биде само намерна. Ако Ким Џу-ае навистина се подготвува да биде следниот лидер на нуклеарно вооруженото кралство, тоа би ја направило најмоќното и потенцијално најопасно девојче на светот.
🇰🇵🇰🇷SEOUL (@CNN) — North Korea releases new images confirming Kim Jong Un brought **his daughter & possible successor, Kim Ju Ae,** to the Victory Day military parade in Beijing. This is a *major* step for Kim’s daughter, widely seen as being prepared to lead DPRK next. pic.twitter.com/iwqrddMgzn
— Mike Valerio (@ValerioCNN) September 2, 2025
Од тестирање ракети до дипломатска сцена
Сè почна во ноември 2022 година кога Ким Џу-ае првпат се појави јавно на тестирање на најголемата балистичка ракета во земјата. Одејќи рака под рака со својот татко, таа изгледаше како секое друго дете – висока за свои години, но носеше преголема бела јакна. Во текот на следните неколку месеци татко ѝ ја однесе на низа воени, а потоа и економски и културни настани.
Како што се менуваше пригодата, така се менуваше и нејзината облека. До ноември 2023 година таа беше фотографирана во кожен тренч со крзнена јака изгледајќи повеќе како негативец од Бонд отколку како мало девојче. Следуваа фудбалски натпревари, средби со научници и сè поформална, возрасна облека. Во мај оваа година таа го имаше своето дипломатско деби кога ја посети руската амбасада во Пјонгјанг со својот татко. Гледајќи наназад, тоа беше нејзиниот влез на меѓународната сцена.
Почитувано дете и број два на режимот
„Во таа смисла може да се каже дека сè беше јасно. Не требаше да биде шокантно да се види Ким Џу-ае во Пекинг со татко ѝ“, вели Рејчел Минјонг Ли, виш соработник во вашингтонскиот тинк-тенк „38 норт“. „Но, сепак, беше изненадувачки што таа отиде во Кина бидејќи тоа е како следно ниво. Тоа не е само дипломатски настап. Историски гледано, на пример, Ким Џонг-ил (таткото на Ким Џонг-ун) отиде во Кина откога беше именуван за наследник“.
Севернокорејските медиуми почнаа да ја нарекуваат почитувано дете, титула што, забележува Ли, не се користи за секого. Таа е резервирана. Обично е резервирана за раководството. Надворешните набљудувачи го забележаа тоа. Чеонг Сеонг-чанг од Институтот „Сеџонг“ рече дека сцените во Пекинг „покажуваат дека таа била третирана како број два на Северна Кореја не само дома туку и во странство“.
И покрај сето ова, аналитичарите како Ли повикуваат на претпазливост. Тие истакнуваат дека очигледното назначување на Ким Џу-ае не гарантира дека таа навистина ќе стане врховен лидер. Таа не е единствениот кандидат. Тетка ѝ, Ким Јо-џонг, долго време се сметаше за втора најмоќна личност во земјата и најверојатен наследник сè до појавата на младата Ким Џу-ае.
Неизвесноста ја зголемува и фактот дека во Северна Кореја не постои јасен модел на наследување. Додека Ким Џонг-ил беше подготвуван за власт 14 години, неговиот син Ким Џонг-ун се појави како очигледен наследник само еден месец пред смртта на татко му заобиколувајќи ги своите постари браќа. Како резултат на тоа, тој мораше брутално да го наметне својот авторитет, наводно нарачувајќи го атентатот врз еден од своите полубраќа.
Мотивите на Ким
„Ако ова е кампања за наследување, тоа иницира прашања како: Дали Ким Џонг-ун има здравствени проблеми или, едноставно, сака да има 20 години за да ја подготви својата ќерка за наследник и постепено да ја аклиматизира јавноста на идејата за жена лидер?“, прашува Ли.
Според Едвард Хауел, Ким испраќа две пораки до светот. „Прво, тој сака да стави до знаење, и на домашната севернокорејска јавност и на меѓународната јавност, дека династијата Ким не оди никаде“, вели тој. „Второ, мислам дека Ким Џонг-ун сака да стави до знаење дека, и покрај сите шпекулации за неговото здравје, а знаеме дека не е во одлична здравствена состојба, знаеме дека бил неспособен за време на ковидот – тој останува на власт“.
Истакнувањето на улогата на таткото на нацијата е исто така добра пропаганда, а можеби и обид за омекнување на имиџот на режимот. Од друга страна, го иницира прашањето за полот во едно високопатријархално општество. Сепак, подемот на неговата сестра Ким Јо-џонг, како и назначувањето на Чое Сон-хуи за прв министер за надворешни работи, покажуваат дека жена на чело на државата не е незамисливо.
Анализирање на мистеријата
Предвидувањето на што било за Северна Кореја е исклучително тешко. За разлика од другите затворени режими, нема неофицијални брифинзи, интервјуа или разговори со пензионирани функционери. На аналитичарите им е оставено само да ги толкуваат сигналите од строго контролираните државни медиуми.
Проблемот е што Ким Џонг-ун покажа дека ги прави работите сосема поинаку од својот татко и дедо напуштајќи ја дури и клучната цел за повторно обединување на Корејскиот Полуостров. Во својата ќерка тој создаде нова мистерија за светот за која сигурно ќе се пишува уште многу, пишува „Телеграф“.
Но, како што заклучува аналитичарот Ли, треба да се биде внимателен со заклучоците: „Да се биде аналитичар на Северна Кореја може да биде најтешката работа, но и најлесната – затоа што никој нема да ве побие“.
фото: принтскрин