Македонија
(Видео) Братот на директорот на „Комунална хигиена“ од Алијанса е човекот со пиштолот, тврди Каевски
„Мицковски не е никаква жртва туку режисер на крваво сценарио. Режисер на сенарио кое не успеа. Тој не беше мета, туку ја одигра најлошата улога за граѓаните. Срамно е што опозицијата се обидува да предизвика меѓуетнички тензии“, рече портпаролот на владејачката СДСМ, Дарко Каевски по вонредното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
МВР го приведе лицето кое е брат на висок член на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса кој е директор на „Комунална хигиена во Скопје.
„Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока. Погледнете за кого станува збор, веќе МВР го приведе ова лице. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Повторувам, станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска“, рече Каевски.
„ВМРО-ДПМНЕ не се менува, Мицкоски не се менува. Тие немаат друга стратегија освен да креираат конфликт. Подготвени се да ја запалат цела држава. Не се работи за меѓуетнички тензии, туку за крваво сценарио. Граѓаните да останат смирени, а институциите да си ја завршат работата“, порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

