Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Го поддржуваме народот кој масовно, достоинствено и гласно кажува Ултиматум-НЕ благодарам

Народот недвосмислено, масовно и достоинствено кажува НЕ на ултиматумот и уцените содржани во предлогот, кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати и на тој начин да дозволи бугаризација на Македонија, наведе ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Власта преку прифаќањето на предлогот прифаќа и менување учебници, менување на историјата, на историските настани и ликови, менување на Устав и слични понижувања. Со еден збор, Владата прифаќа Македонија или да биде вечен преговарач или апсолутна асимилација.
Залудни се обидите на власта преку провокатори и преку исценирање меѓуетнички судири да ги контаминира протестите. Кога веќе владата ги распродава државните и националните интереси, тогаш народот преку мирни и достоинствени протести ги штити.
Владата заради функции и фотелји е спремна на сè, но тоа граѓаните го прочитаа и нема да им го дозволат.
Доколку власта реши да го турка овој процес насила, спротивно на волјата на народот, тогаш ВМРО-ДПМНЕ уверува нема да дозволи вакво национално предавство и ќе гласа против уставни измени , кои се дел од уцените во ваквиот предлог.
Народот кажа Ултиматум-Не благодарам и овие сенародни протести и активности ќе продолжат и понатака, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници“, велат од СДСМ

„Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба“, велат од СДСМ.
„Виновни за оваа катастрофална состојба и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници. Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани.
Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани.
Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани“, соопшти СДСМ.
Македонија
Нема активни пожари низ државата, под контрола е еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се седум пожари, извести Центарот за управување со кризи.
Како што извести ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гевгелија – планина Кожуф (приземен пожар).
Македонија
СДСМ најави: „Започнуваме со објавување на Вистината за случајот АНБ, зошто власта бега од декласификација?“

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашуваат од СДСМ.
„СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, велат од СДСМ и најавуваат прес-конференција на портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, од 10.30 часот денеска.