Свет
Владејачката коалиција по убиството на Абе победува на изборите во Јапонија

Јапонската конзервативна коалициска влада најверојатно ќе освои мнозинство од местата во Горниот дом на денешните избори, само два дена по убиството на доминантниот политичар и поранешен премиер Шинзо Абе, покажуваат излезните анкети.
Абе, кој беше премиер со најдолг стаж во поновата историја на Јапонија, беше убиен во петокот за време на говорот за поддршка на локалниот кандидат во западниот град Нара. Убиството беше осудено од политичкиот естаблишмент како напад врз самата демократија.
Според излезната анкета на јавниот радиодифузен сервис НХК, Либерално-демократската партија (ЛДП) на премиерот Фуми Кишида, во која Абе беше високо позициониран, заедно со коалициската партија Комејто, се на пат да освојат меѓу 69 и 83 од 125 места во горниот дом.
Излезните анкети претходно предвидуваа дека ЛДП ќе освои 59 до 69 места во Горниот дом, што е значително зголемување од претходните 55 места. Со освојување на 69 пратенички места, ЛДП би обезбедила мнозинство без потреба од коалиција, што се чинеше невозможно пред смртта на Абе.
Конечните резултати во понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“