Забава
Маск се премисли, нема да го купува „Твитер“
Адвокатскиот тим на Илон Маск напиша писмо до „Твитер“, во кое информира дека тој го прекинува предложеното купување поради тоа што компанијата го прекршила договорот за спојување.
Во писмото магнатот наведува дека сака да се повлече од договорот бидејќи компанијата прекршила повеќе одредби од тој договор, давала неточни изјави врз кои тој се потпирал при неговот склучување“.
„Твитер“ реагира експресно со соопштение во кое најавува дека ќе поведе правна постапка против Маск за да се осигури дека договорот ќе се реализира според договорените услови.
Управниот одбор порача дека компанијата ќе се обиде по судски пат да ја спроведе купопродажбата.
„Одборот е посветен на комплетирање на трансакцијата во согласност со цената и условите договорени со г. Маск и планира да поведе правна постапка за да го зацврсти договорот за спојување. Уверени сме дека ќе победиме на суд во Делавер“, твитна во петокот Брет Тејлор, претседател на одборот на „Твитер“.
Претходно истиот ден, Маск ја обвини компанијата дека не обезбедила детаљни информации за лажните и спам-профили на платформата и не им дала доволно податоци на Маск и неговиот тим за да направат сопствена анализа.
„Речиси два месеца господин Маск бара податоци и информации за да направи независна процена за распространетоста на лажни и спам-профили на твитер-платформата. Компанијата не успеа или одби да ни ја обезбеди оваа информација“, пишува адвокатскиот тим на Маск во барањето за прекин на постапката.
„’Твитер’ не достави информации и покрај тоа што господин Маск во неколку наврати даде детаљни појаснувања наменети за поедноставување на идентификација, собирање и обелоденување на најрелевантните информации на кои тој инсистира во своите првични барања“.
Маск, односно неговиот адвокатски тим, исто така тврди дека отпуштањето на неколку клучни раководители на компанијата и замрзнувањето на новите вработувања биле направени без претходни консултации со него, што според негово мисење, исто така е прекршување на договорот.
Американски медиуми предупредуваат дека наводно, во согласност со договорот, Маск ќе треба да плати надомест од 1 милијарда долари поради откажување од намерата за преземање.
Акциите на „Твитер“ паднаа 7 отсто во продолженото тргување во петокот, а на почетокот на денот беа 37,51 долари.
Аналитичарите од „Ведбуш секјуритис“ ја нарекоа одлуката на Маск „катастрофално сценарио за Твитер“ и прогнозираа дека акциите на компанијата ќе продолжат да паѓаат. Тие предвидуваат дека на отворањето на берзите во понеделник наутро вредноста ќе се движи во опсег од 25 до 30 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со понудата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи
Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.
Забава
Кои хороскопски знаци се најпривлечени – сајт за запознавање спроведе истражување
Сајт за запознавање направи истражување за тоа кој хороскопски знак е најпривлечен за другите.
Иако можеби не се согласувате со нивните резултати, оваа апликација за запознавање претстави податоци кои покажуваат дека еден знак генерира најголем интерес за романса.
Излегува дека на врвот на листата се Рибите со нивната чувствителна и шармантна природа која привлекува повеќе од кој било друг знак.
Последното место го зазедоа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив е веќе стара приказна.
Листата е исклучително интересна бидејќи 5-то место го делат Шкорпијата и Девицата, а 7-то Лавот, Близнаците и Бикот.
Во прилог листата на знаци според привлечноста:
1. Риба
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак