Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот масовно вели НЕ за бугаризација, владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот
Народот масовно вели НЕ за бугаризација, владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека секој ден се повеќе народ излегува на улиците во Скопје во знак на протест против намерата на власта да го прифати предлогот за бугаризација на државата, со кој се негира јазикот, идентитетот и историјата.
Академската заедница, новинарите, колумнистите, целото општество ја гледа штетноста на предлогот кој Ковачевски сака да го прифати, а со кој не добиваме преговори, туку само сликање и и се дава можност на Бугарија за многу блокади во иднина, се до целосна асимилација на народот.
Ваквиот предлог мора да биде отфрлен. Затоа што народот тоа го бара, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните и вечерва да излезат во 19 часот и да кажат УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

