Црна хроника
310 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.7.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи.
Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 196 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возел со 155 километри на час, на место каде што дозволената брзина е 80: уапсен возач од Швајцарија

Вчера во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од Швајцарија.
При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Предложен притвор за дилер на дрога во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила претрес во неговиот дом и други простории. Во мопедот паркиран пред домот и во објект во непосредна близина кој не се користи полициските службеници пронашле вкупно 16,21 грама марихуана и 10,44 грама амфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба и скриена во различни предмети.
Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Претреси во Кочани и Штип, пронајдена дрога, уапсени три лица

Вчера, полициски службеници извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х.(43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, вчера извршен е и претрес во домот на И.Р. (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. И.Р. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска, пак, во претрес во дом кај А.Џ.(39) од Штип е пронајдена марихуана и дробилка. А.Џ. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.