Свет
Аеродромот во Сан Франциско евакуиран поради закана за бомба, едно лице уапсено
Меѓународниот терминал на аеродромот во Сан Франциско е евакуиран откако полицијата пронашла сомнителен предмет и добила закана за бомба.
Полицијата во Сан Франциско соопшти дека добила дојава дека на аеродромот била поставена бомба и дека во истрагата е пронајден сомнителен пакет, пренесува Ројтерс.
Железничкиот сообраќај до аеродромот е прекинат, а агенцијата АП јавува дека едно лице е уапсено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Детали за експлозијата во Санкт Петербург, има повредени
На еден од универзитетите во Санкт Петербург се случи експлозија, пренесува РИА Новости.
Седум лица се повредени при експлозија на граната од Втората светска војна во подрумот на воената академија во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на Воениот округ Ленинград.
⚡️An explosion occurred at the Military Communications Academy in #SaintPetersburg.
According to Russian media, at least seven Russians were injured. pic.twitter.com/90qXLVdY1s
— KyivPost (@KyivPost) May 17, 2024
Според извештаите, детонацијата се случила при чистење на подрумот на академијата.
Седум припадници на армијата се повредени и сите се префрлени во болница на руското Министерство за одбрана, каде им е укажана неопходната медицинска нега.
Станува збор за граната со калибар 76 милиметри од Втората светска војна која се чувала во подрумот.
Свет
Експлозија на универзитет во Санкт Петербург
Експлозија се случи на еден од универзитетите во Санкт Петербург, пренесува РИА Новости.
Според претставникот на прес-службата на регионото во кој се наоѓа универзитетот, граѓанин ја известил итната помош за експлозијата што се случила на територијата на воената академија лоцирана на булеварот Тихорецки.
Сите служби излегоа на терен, а засега нема информации дали има повредени во експлозијата, пренесува медиумот.
Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.