Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ држи прес конференции на ниски страсти додека предавникот Ковачевски ја распродава државата
Одлика на СДСМ е да држат прес конференции на ниски страсти додека предавникот Димитар Ковачевски ја распродава државата. Додека се прави асимилација и бугаризација на СДСМ и додека се распродава историјата СДСМ ја замајува јавноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додваат дека спротивно на волјата на народот кој веќе две недели е на улиците низ Македонија, Ковачевски, Османи и Маричиќ на сила се обидуваат да го протнат предлогот за асимилација на Македонија.
Нема поголема одговорност од тоа да ја предава земјата Ковачевски, а антимакедонската СДСМ да ја дефокусира јавноста.
Ковачевски ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ, за ова понижување кое го прави со предлогот за бугаризација на Македонија, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

