Црна хроника
Родители нападнале малолетник оти се скарал со син им
Мајка на малолетно момче од скопски Аеродром во полицијата пријавила физички напад врз својот син.
Според информациите, детето, по претходна расправија со неговиот другар, било физички нападнато од Б. А. и Е. А., родители на другарот.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница
На 25.11.2024 во 12.00 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Н.Ќ.(34) од гостиварско Ѓурѓевиште, кој бил баран по потерница за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, уапсени четири лица
Вчера вечер во 20.40 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 43-годишниот С.А., 22-годишниот С.М. и 26-годишниот У.К., тројцата од Кочани и 37-годишниот И.С. од Пробиштип, извести МВР.
При претрес во домот на С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Црна хроника
Тепачка во гевгелиската болница: возач на амбулантно возило нападнал лекар
Лекар од гевгелиската болница вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од возач на возило на итната помош, соопшти полицијата.
„На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија“, велат од МВР.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.