Забава
(Видео) Бред Пит се бори со убијци во акциониот трилер „Брз воз“
Холивудската ѕвезда Бред Пит се бори со убијци во брз воз кој патува низ Јапонија во новиот филм Bullet Train, акционен трилер во кој повторно се обедини со режисерот Дејвид Лич, кој порано беше негов каскадер.
Насловот на филмот е асоцијација на јапонскиот воз-куршум.
Пит го глуми Лејдибаг, несреќен атентатор кој сака да ја заврши својата задача пред да се најде себеси во борба со низа опасни противници, сите со мисии поврзани со неговата, во брзиот воз.
Филмот е заснован на романот на Котаро Исака од 2010 година, а во него, покрај Пит глумат и Сандра Булок, Зази Бец, Арон Тејлор-Џонсон, Џои Кинг, Брајан Тајри Хенри, Мајкл Шенон и Хиројуки Санада.
„Дејв всушност беше мојот каскадер во ’98…Се запознавме на снимањето на Fight Club и тој ме тренираше за борба и тоа функционираше толку добро“, рече Пит на прес-конференција во Берлин во вторникот (19 јули), говорејќи за режисерот на филмот.
„Продолживме со соработка со еден куп други филмови, а потоа ме остави да правам други работи, а сега се врати во полн круг, па навистина е убаво што го имам како шеф сега“.
Филмот содржи многу акробации и борбени сцени додека убијците сите се обидуваат да го земат мистериозниот куфер.
Лич, кој ги режираше Atomic Blonde, Deadpool 2 и Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw, рече дека настојувал да го балансира насилството во филмот со комедија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Никол Шерцингер позираше во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Никол Шерцингер отпатува на Хаваи.
46-годишната пејачка на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажа, каде позира во црни бикини, во комбинација со парео со дезен. Таа напиша емотивна порака во описот на објавата.
„Нема ништо помоќно од љубовта, поврзаноста и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напишала Никол, која е родена на Хаваи.
Забава
Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерско палто од 4.000 евра
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во интересна облека која привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темно сини велур потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со нејзиниот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен, оддавајќи почит на Џеки Кенеди.
Забава
(Фото) Очите на Марк Цукерберг залутаа додека седеше до свршеницата на Безос во Капитол
Лорен Санчез, 55-годишната свршеница на милијардерот Џеф Безос, предизвика бурни реакции поради изданието во кое таа се појави на инаугурацијата на Трамп во Капитол.
Санчез го украде шоуто во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, а гледачите коментираа дека нејзината облека е несоодветна за таков настан.
eyes up zuck ❤️ pic.twitter.com/OXHcdL9aVx
— ce n'est pas erica (@sourhoestarter) January 20, 2025
Свршеницата на Безос го привлече вниманието и на Марк Цукерберг, кој седеше до неа, со својот аутфит, а гледачите забележаа дека во еден момент неговиот поглед залута кон нејзиното деколте, што беше доволно за да започне виралното исмејување.
„Цукерберг фатен како гледа во деколтето на свршеницата на Безос на директен пренос“, „Погледни горе, Цук“, „Можеби Цукерберг сепак е човек?“, „Тој е спремен да ризикува сè“, „И на човекот зад нив погледна“, се само дел од коментарите на Икс.