Македонија
(Видео)Талески: Законот за служба во Армијата обезбедува подобри услови за работа и пензионирање, сите пратеници да го поддржат
Денеска пред пратениците на пленарна седница е Законот за служба во Армијата, закон кој е важен за вработените во Армијата и одбраната а кој една година свесно и намерно беше блокиран од опозицијата. Со овој закон сериозно се подобруваат условите за работа, но и за пензионирање на припадниците на Армијата. За професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, овој Закон пропишува обезбедување на испратнина, односно еднократен надоместок во висина на две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината на служба во Армијата, изјави на денешната прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Тој додаде дека ова значи дека дел од војниците имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина при пензионирање. Во делот на пензиите, се утврдува нова пресметка на износот на пензија на воениот и цивилниот персонал кој правото на пензија го стекнал од моментот на формирање на Армијата, да изнесува 80% од просечната нето-плата што ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.
Талески изјави дека преку измените на Законот се воведува нова методологија за пресметка на платите во која влегуваат минималната плата бодовите според чинот, должноста, работното искуство и армискиот додаток. Истовремено се прави исчекор и во делот на исплата на трошоци за станбено обезбедување за целокупниот активен воен и цивилен персонал кој има засновано работен однос во Армијата, без разлика дали е тоа на определено или на неопределено време.
Тој алудираше до сите пратеници без разлика на нивната партиска припадност да го поддржат Законот за служба во Армијата, со кој обезбедуваме подобри услови за работа и пензионирање на војниците.
Ние како парламентарно мнозинство ќе продолжиме со реализација на законски решенија кои овозможуваат припадниците на Армијата да имаат слични или исти услови за работа како и нивните колеги од армиите кои се дел од НАТО-алијансата, додаде Талески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести
Февруари е месецот на ретките болести – месец во кој се потсетуваме дека секој живот е вреден и секоја приказна заслужува да биде слушната.
Годинава, кампањата „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“ се реализира по осми пат. И повторно, зад неа стои поддршката на компанијата Mozzart, која со својата општествена одговорност покажува дека добрината не е ретка – туку секогаш присутна кога е најпотребна.

Претседателката на Здружението, Гордана Лолеска истакна: Вистинското партнерство се мери со годините на лојалност и подготвеноста да се подаде рака таму каде што е најпотребно. Упатуваме огромна благодарност до компанијата Mozzart што препознаа вредност во нашата кауза и што продолжуваат да бидат нашиот ветар во грб. Заедно, го правиме светот малку подобро место за оние на кои поддршката им е најнеопходна. Ви благодариме што не ги заборавате ретките“.

Првиот Ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, на 29 февруари – ден кој сам по себе е редок. Од тогаш, секоја година на последниот ден од февруари светот се обединува во поддршка и солидарност.
„Трета година сме со Здружението “Ретко е да си редок” и со кампањата “Запознајте ги ретките болести”. Успешната соработка, со радост ја продолжуваме и оваа година. Заедно ќе придонесеме да се слушне гласот на лицата со ретки болести и да се запознаат нивните приказни,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Она што навистина не е ретко – се добрите дела. Mozzart, препознатлив како компанија со најголема општествена одговорност, повторно ја докажува својата мисија: да подава рака, да помага и да биде таму каде што поддршката е најпотребна.
ПР
Македонија
Eвроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за безбедноста на Европа, рече Давкова на средбата со претседателот на Естонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции.
Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.
Претседателката нагласи дека остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата. Таа го реафирмираше ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за стабилноста и безбедноста на Европа.
На средбата, беше поздравена соработката во областа на дигитализацијата, реализирана во партнерство со Центарот за меѓународен развој на Естонија, соработката со Балтичкиот колеџ за одбрана во Тарту, како и со Центарот за сајбер одбрана на НАТО во Талин.
Укажувајќи дека постојат неискористени потенцијали во економијата, Сиљановска-Давкова изрази очекување за развој на нови заеднички проекти и поголемо присуство на естонските инвеститори во земјава.
Соговорниците разменија мислења за актуелните глобални предизвици.
Македонија
Седум странци фатени при обид за илегален излез кај Богородица
Утрово околу 2 часот, во близина на Граничниот премин Богородица, полициски службеници привеле седум странски државјани кои се обиделе нелегално да ја напуштат Македонија.
Според информациите од МВР, станува збор за пет државјани на Пакистан и двајца од Индија. При извршените проверки било утврдено дека сите седум лица претходно влегле легално во државата преку Меѓународниот аеродром Скопје.
Тие се приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против нив.

