Македонија
Пандов: Стевче Јакимовски се обидува да го ситни отпорот кон предавниците

Кој го ситни отпорот, поточно кој се обидува да го ситни отпорот кон предавнициве? Стевче Јакимовски! Не му чуе нему ни за бугарски договор, ни за француски предлог, уште помалку за протоколите, а со тоа и бугаризирањето на Македонија. Главен проблем му е што не добил јавно претпријатие во градот Скопје и одреден број места по управните одбори низ градот, напиша на својот фејсбук профил Александар Пандов.
Пандов наведува дека тоа е причината што Стевче не дојде на сенародниот протест на 18.06, каде ќе го слушнеше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како професорски им ја демонтира заверата на предавниците кон македонскиот народ и воедно ги предупреди на отпорот кој следи!
Беа потребни да поминат само неколку дена, а неговите предупредувања да се остварат и на секого во Македонија да му стане сосема јасно или да бидам попрецизен, на над 80% од народот, но не и на Стевче. Излегуваме на протести пред влада на 22, 23 и 24 јуни, Стевче го нема!
И покрај високите температури и годишните одмори веќе наредната недела народот предводен од претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски, но и од претседателите на Левица, Димитар Апасиев, Социјалистичка Партија, Љупчо Димовски и Демократска Партијата на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, секојдневно маршираа по скопските улици и сплотени и обединети извикува: Ултиматум, Не благодарам, Стевче повторно никаде го нема. Додуша има сведоци кои тврдат дека еден ден се појавил, некој велат дека дури и два пати дошол и толку!
Оттука да обвинуваш некого кој 20 дена поминал по улици протестирајќи, а ти само два, најблаго кажано е неморално и нечесно.
Македонскиот народ и Македонија се соочени со најголемата опасност по нивниот опстанок и постоење! Ако бидеме обединети против предавниците ќе ги победиме.
Премногу е ниско и мизерно било кој, та бил тоа и Стевче Јакимовски, оваа борба да ја сведе на лечење фрустрации и суети за едно директорско место или неколку членови по управни одбори, стои во објавата на фејсбук страната на Пандов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ го ветуваа спротивното.
„Иако во предизборните ветувања беше кажано дека сите ученици ќе добијат нови учебници, вистината е сосема поинаква. Самата министерката Јаневска призна дека учебници нема, иако се потрошени над 11 милиони евра од буџетот на граѓаните“, истакнуваат од СДСМ.
Недостасуваат учебници за математика и историја за 8-мо одделение, а родителите се приморани да печатат материјали од Вибер-групи. Проблемот е уште поголем за стручните училишта, каде што цели генерации немаат учебници по управно, процесно, правно и државно уредување.
„Учебници има само за најмалите ученици, од прво до трето одделение, додека за четврто и петто одделение ситуацијата е катастрофална. Одговорноста за овој хаос е кај министерката Јаневска и премиерот Мицкоски. Тие излажаа и ги изневерија учениците, родителите и наставниците“, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека ваквите состојби не смеат да се повторуваат и повикуваат на итна интервенција за обезбедување учебници за сите ученици.
Македонија
Ѓолека, Јаоски и Азизи влегуваат во трка за градоначалници, сподели Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вчера ја свика 23-та седница на Централното претседателство на партијата, каде се дискутираше за актуелните политички случувања, мобилизацијата на Националната алијанса за интеграција и претстојниот референдум закажан за 19 октомври.
На седницата едногласно беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници: Фламур Ѓолека за Долнени, Али Јаоски за Пласница и Исамедин Азизи за Бутел.
„На 19 октомври народот ќе го врати достоинството и ќе ја потврди својата историска улога. Убеден сум дека ќе извојуваме плебисцитарна победа која ќе биде наша заедничка гордост“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по завршувањето на состанокот.
ДУИ најавува дека е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на локалните избори.
„Сите сме на нозе, сите сме мобилизирани за победа, ова не е само партиска битка, туку битка за достоинството и иднината“, стои во соопштението на партијата.
Скопје
(Фото) Левица: Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подруми со влага и смрдеа

Учениците од шесто одделение во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром наставата ја следат во подрумски простории со влага, непријатна миризба и без природна светлина, реагираат од партијата Левица.
Од таму посочуваат дека ваквите услови се недостоинствени за било кое училиште, а не за основци кои треба да учат во здрава средина.
„Овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да растат во здраво и безбедно училишно опкружување. Загрижени родители алармираат дека на некои ученици им се слошило и повраќале поради неподносливата миризба на мувла и влага“, соопштија од Левица – Аеродром.
Според нив, локалната власт ја сноси целата одговорност за понижувањето на најмладите и изложувањето на здравствен ризик.
„Дополнителен скандал е фактот што ДПМНЕ пред четири години ветија целосна реконструкција на училиштата во општината, но во изминатиот мандат не направија ништо. Наместо елементарни услови, децата се приморани да учат во простории со влага и смрдеа“, додаваат од партијата.
Левица бара итно преместување на учениците во други училници и обезбедување нормални услови за образование.