Свет
(Видео) Масовно пукање во Канада – има загинати, напаѓачот е уапсен

Неколку лица загинаа во масовно пукање во канадската провинција Британска Колумбија, објавија локалните медиуми. Полицијата претходно издаде итна тревога за повеќекратни престрелки во градот Ленгли и побара од жителите да останат внимателни и подалеку од областа каде што се случи инцидентот.
„Повеќе сцени со пукање во центарот на Ленгли со еден инцидент во поширокото градско подрачје со жртви од случајни минувачи“, се вели во предупредувањето испратено до мобилните телефони во Британска Колумбија.
Портпаролот на кралската канадска коњичка полиција изјави за канадската телевизија CBC дека неколку луѓе се убиени, но не прецизираше колку.
Жртвите биле бездомници, јавува CBC. Напаѓачот е уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Огромни поплави во Тексас, 24 мртви, 25 деца се водат за исчезнати

Најмалку 24 лица се мртви, а десетици се водат за исчезнати, вклучувајќи 25 деца, откако вчера поплави погодија делови од централен Тексас. Исчезнувањето на околу 25 девојчиња кои беа во летниот камп го потврди вицегувернерот Ден Патрик. Досега се спасени повеќе од 237 лица.
„Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи за 8 метри и имаше катастрофална поплава – одземајќи имот, а за жал и животи“, рече Патрик на прес-конференција во петокот.
Тој прочита изјава од Камп Мистик, во кој живеат околу 700 деца, во која се вели дека има „катастрофално ниво“ на поплави и им кажува на родителите дека ако не се контактирани, тоа значи дека нивното дете е наведено како безбедно.
BREAKING: 20 children are missing in the Texas Hill Country flash flood.
Praying for the best.
This is not a time to be defunding weather research and NOAA. pic.twitter.com/VpUpnAylKk
— Brian Krassenstein (@krassenstein) July 4, 2025
„Тоа не значи дека децата загинале. Можно е да се надвор од домет“, додаде заменик-гувернерот, кој е вршител на должноста гувернер додека Грег Абот е на одмор.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше за поплавите утрово. „Ужасно е“, рече тој, додавајќи дека поплавите се „шокантни“.
Поради сериозноста на ситуацијата, прогласена е вонредна состојба во некои области. Спасувачките операции и евакуациите се во тек од раните утрински часови, а властите предупредуваат дека може да има понатамошни поплави, дури и ако дождот не е обилен.
„Дури и со слаб дожд, можни се повеќе поплави“, рече вршителот на должноста гувернер Ден Патрик.
🚨 BREAKING: MULTIPLE DEAD IN CATASTROPHIC TEXAS FLOODING: EVACUATIONS UNDERWAY
The Guadalupe River has now reached its 2nd highest flood stage ever, unleashing a deadly wave overnight and swallowing entire towns in Central Texas.
Kerr County officials are calling it… pic.twitter.com/vcP4vOMZDJ
— HustleBitch (@HustleBitch_) July 4, 2025
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, рече дека државата ги обезбедува „сите потребни ресурси за Кервил, Инграм, Хант и целиот Тексас Хил Кантри кој се соочува со оваа катастрофална поплава“.
Погодената област од поплавата се наоѓа северозападно од градот Сан Антонио. Снимките од терен покажуваат ненадејни поплави кои ги преплавија мостовите и патиштата, а брзо движечката вода носи сè пред себе.
„Ве молам, не ризикувајте. Бидете внимателни, слушајте ги локалните предупредувања за вонредни ситуации и никогаш не возете низ поплавени патишта“, рече комесарот на Министерството за земјоделство на Тексас, Сид Милер.
Канцеларијата на шерифот на округот Кер го опиша настанот како „катастрофална поплава“ и потврди дека имало жртви. На граѓаните што живеат во близина на потоци, речни текови и реката Гвадалупе им беше советувано веднаш да се евакуираат на повисоки места.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија на отворено по повод Денот на независноста што личеше на негов политички митинг.
Со воени авиони во воздух и стотици поддржувачи зад себе, Трамп го потпиша законот еден ден откако Претставничкиот дом, доминиран од републиканците, го одобри со тесно мнозинство. Законот, кој би ги финансирал и антиимиграциските мерки на Трамп и би ги направил трајни намалувањата на даноците од 2017 година, би можел да лиши милиони Американци од нивното здравствено осигурување.
Беше усвоен со 218 гласови „за“ и 214 „против“ по емотивна дебата во Претставничкиот дом. „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе во нашата земја поради тоа“, рече Трамп.
„Законот се грижи за толку многу различни групи луѓе: војската, цивилите од сите видови, бизнисите од сите видови“, рече Трамп на церемонијата, заблагодарувајќи им се на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, и на лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун, за протуркувањето на законот низ двата дома на Конгресот.
„Значи, имате најголемо намалување на даноците, најголемо намалување на трошоците, најголема инвестиција во безбедноста на границите во американската историја“, рече Трамп.
Трамп закажа церемонија на Јужниот тревник на Белата куќа за Денот на независноста на 4 јули и нареди прелетувања на бомбардери и борбени авиони како оние вклучени во неодамнешните американски напади врз нуклеарните постројки на Иран. Присуствуваа стотици поддржувачи на Трамп.
По говорот што вклучуваше фалбени тврдења за подемот на Америка под негово водство, Трамп го потпиша законот, позираше за фотографии со републиканските конгресни лидери и членови на неговиот кабинет и се проби низ толпа среќни поддржувачи.
Усвојувањето на законот е голема победа за Трамп и неговите републикански сојузници, кои тврдат дека тој ќе го поттикне економскиот раст и ги игнорираат непартиските анализи кои предвидуваат дека ќе додаде повеќе од 3 трилиони долари на националниот долг од 36,2 трилиони долари.
Иако некои пратеници од партијата на Трамп изразија загриженост за финансискиот товар на законот и неговото влијание врз програмите за здравствена заштита, на крајот само двајца од 220-те републиканци во Претставничкиот дом гласаа против него.
Свет
Трамп: Ќе преговарам со Кина за „Тик-ток“, Кси и јас имаме одличен однос

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе започне разговори со Кина за можен договор за „Тик-ток“ во понеделник или вторник. Тој рече дека Соединетите Држави речиси имаат постигнатовдоговор за продажба на апликацијата за кратки видеа.
„Мислам дека ќе почнеме во понеделник или вторник… разговори со Кина, можеби со претседателот Ксии или еден од неговите претставници, но речиси имаме договор“, изјави Трамп пред новинарите на авионот „Ер Форс Уан“.
Минатиот месец, Трамп го продолжи рокот до 17 септември за кинеската компанија „Бајт денс“ да се ослободи од активностите на „Тик-ток“ во САД.
Оваа пролет беше во подготовка договор за одвојување на американските операции на „Тик-ток“ во нова компанија со седиште во САД, во мнозинска сопственост и управувана од американски инвеститори, но беше ставен на чекање откако Кина посочи дека нема да го одобри по најавите на Трамп за високи царини за кинески стоки.
Трамп рече дека Соединетите Држави веројатно ќе треба да добијат одобрение од Кина за договорот. На прашањето колку е уверен дека Кина ќе се согласи со договорот, тој рече: „Не сум сигурен, но мислам дека ќе се согласат. Претседателот Кси и јас имаме одличен однос и мислам дека е добар за нив. Мислам дека договорот е добар за Кина и е добар за нас.“