Македонија
Делегација од Град Скопје положи цвеќе во чест на загинатите од земјотресот

На градските гробишта во Бутел, денеска (26.7.2022 година, вторник), положија цвеќиња домашни и странски делегации во чест на загинатите пред споменикот од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во земјотресот, што се случи пред 59 години, животот го загубија 1.070 наши сограѓани, а 3.000 беа повредени.
Традиционално, на споменикот венец положи делегација на Град Скопје, предводена од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, како и делегација од Советот на Град Скопје.
Со положување цвеќе почит на жртвите во земјотресот во Скопје во далечната 1963 година дадоа и делегаци од претставници од политичките партии во Република Македонија, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвниот крст на Град Скопје и на РМ, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од јавните претпријатија и од јавните културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашата земја, како и граѓани.
Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот положија и официјални делегации од дипломатските претставништва на многу земји акредитирани во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).