Македонија
СДСМ: Доста беа лаги, почнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет
„Со заполнувањето на преговорите пропаднаа сите лаги и измислици за наводна бугаризација и асимилација.
Напротив, почнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет, со чиста формулација на македонски јазик, без додавки и фусноти.
На крајот, се потврди и дека антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата свесно ги лажеше и сѐ уште ги лаже граѓаните и ги злоупотребува.
Северна Македнија ги почна преговорите со ЕУ по цели 17 години во чекалницата и ова е нова ера за нашите граѓани, која носи многубројни придобивки.
Сега кога сите лаги за јазикот и идентитетот пукнаа како меур од сапуница, кога пропаднаа сите блокади и обиди за дестабилизација, потребно е сите политички и општествени фактори да дадат свој придонес за европскиот пат.
Членството во ЕУ е стратешка национална и државна цел поставена уште на денот на независноста, сите имаат одговорност пред граѓаните да им обезбедат европска иднина на граѓаните и државата“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

