Свет
Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот
Светската здравствена организација минатиот месец препорача научниците да продолжат да ги истражуваат сите можни извори на пандемијата на Ковид-19, вклучително и лабораториските протекувања.
Две новообјавени студии во списанието „Сајанс“ имаат сосема спротивни пристапи, но доаѓаат до истиот заклучок – епицентарот на коронавирусот, најверојатно, бил пазарот на морска храна „Хуанан“ во Вухан, Кина.
Во истражувањето со наслов „Пазарот на големо на морска храна ‘Хуанан’ во Вухан беше раниот епицентар на пандемијата на Ковид-19“, експерти од целиот свет анализираа картографски податоци и извештаи од социјалните медиуми за да направат просторна и еколошка анализа. Тие истакнаа дека иако точните околности остануваат нејасни, вирусот бил пронајден кај живи животни продадени на пазарот кон крајот на 2019 година.
Животните биле чувани едно до друго и болеста лесно можела да се прошири. Студијата, сепак, не утврди за кои животни станува збор.
Научниците открија дека најраните случаи на Ковид-19 биле концентрирани на пазарот меѓу продавачите или купувачите. Тие веруваат дека два одделни вируса циркулирале кај животните и подоцна преминале кај луѓето.
„Сите осум случаи на Ковид-19 регистрирани пред 20 декември дојдоа од западната страна на пазарот, каде што се продаваа и некои видови цицачи“, се наведува во студијата.
Експертите ги мапираа најраните случаи што немаа врска со пазарот и утврдија дека заразениот живеел или работел во негова непосредна близина, пишува Си-ен-ен.
„Ова покажува дека вирусот почнал да се шири меѓу луѓето што работеле на пазарот и подоцна се прелеал во околната локална заедница. Продавачите оделе во блиските продавници и ја пренеле инфекцијата на други луѓе“, рече еволутивниот биолог Мајкл Вороби од Универзитетот во Аризона.
Во друга студија, „Молекуларната епидемиологија на повеќекратно зоонотично потекло на САРС-КоВ-2“, беше користен молекуларен пристап, а резултатите покажаа кога првите инфекции со коронавирус преминаа од животните на луѓето. Најраната верзија на коронавирусот беше во две лози, А и Б. Лозата настана по најмалку два преноса од животински видови на луѓе.
Научниците веруваат дека првиот пренос од животно на човек, веројатно, се случил околу 18 ноември 2019 година и дека ја вклучува лозата Б, која била пронајдена само кај луѓето директно поврзана со пазарот „Хуанан“.
Тие веруваат дека лозата А се појавила неколку дена или недели по инфекцијата со лозата Б. Лозата А била пронајдена во примероци од луѓе што живееле или престојувале во близина на пазарот.
„Овие податоци покажуваат дека е малку веројатно дека САРС-КоВ-2 широко циркулирал кај луѓето пред ноември 2019 година и дефинираат одреден опсег кога Ковид-19 првпат преминал кај луѓето и кога биле пријавени првите случаи на инфекција“, се наведува во студијата.
Веројатноста дека таков вирус ќе се појави од два настана е многу мала, призна еволутивниот биолог Џоел Вертхајм од Универзитетот во Калифорнија, „Сан Диего“.
Еволутивниот биолог Кристијан Андерсенс од Истражувачкиот институт „Скрипс“ вчера изјави дека овие студии, дефинитивно, не ја побиваат теоријата за истекување во лабораторија, но дека се толку убедливи што тој самиот го променил мислењето за потеклото на вирусот.
„Јас самиот бев прилично убеден дека е излезен од лабораторија додека не направивме дополнителна анализа. Врз основа на податоците и студиите за многу други вируси на кои работев во последната деценија дојдов до заклучок дека резултатите покажаа оти изворот е пазарот“, рече Андерсенс.
Со цел да се намали ризикот од идни пандемии, научниците се надеваат дека набргу ќе може да утврдат кое животно првин се заразило од коронавирусот. Андерсен смета дека, иако е тешко да се спречи појавата на нови пандемии, глобалната соработка на научниците е од суштинско значење за да може навреме да се утврди дали се работи за поблаг облик на инфекција или болест што може да убие милиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Колапс во Австрија поради снегот: Аеродромот во Виена затворен, автобус затрупан од лавина
Силна зимска бура го погоди поголемиот дел од Австрија и предизвика хаос низ целата земја. Поради обилните снежни врнежи и силниот ветер, аеродромот во Виена привремено го прекина сообраќајот, додека на патиштата се случуваат несреќи и сообраќајни метежи. Во Тирол, лавина затрупа автобус со патници.
Застрашувачко сценарио се случи рано утрово во тиролската долина Лехтал. Во општината Бах, малку пред 5 часот, лавина затрупа автобус што превезуваше единаесет патници. Според полицијата, за среќа никој не е повреден.
Поради лошите временски услови, виенскиот аеродром Швехат привремено ги прекина сите операции утрово.
Околу 117 летови беа закажани да полетуваат до 9 часот наутро, од кои 19 беа откажани, а аеродромот не ја исклучува можноста за понатамошни откажувања. „Интензивно работиме на што е можно побрзо враќање на воздушниот сообраќај. Според моменталните прогнози, снегот треба да престане да паѓа во текот на утрото“, изјави портпаролот на аеродромот.
фото/ЕПА
Регион
Нови снежни врнежи ја парализираа Словенија: 35.000 корисници без струја, делови од Марибор и без вода
Поради обилните снежни врнежи, околу 35.000 потрошувачи на подрачјето на Марибор и повеќе од 6.000 на подрачјето на Цеље останаа без електрична енергија.
Мокри и лизгави патишта, завеани тротоари и соборени дрвја предизвикуваат проблеми од Словенске Коњице до Марибор, Птуј и Горња Радгона. Екипите на компанијата „Електро Марибор“ се на терен.
Патиштата се мокри и лизгави и во Штајерска, а возачите пријавуваат бројни делници каде што водата се задржува на коловозот. Сообраќајот се одвива побавно од вообичаено, а потребна е зголемена внимателност, пренесе „Б92“.
Надлежните ги предупредуваат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да го зголемат безбедносното растојание и да тргнуваат на пат само ако тоа е неопходно. Поради најавените ниски температури постои можност за појава на голомразица, особено на изложените делови од патиштата и мостовите.
Најголеми проблеми предизвикува прекинот на електричната енергија. На поширокото подрачје од Словенске Коњице кон Марибор, Птуј и Горња Радгона дел од дистрибутивната мрежа е во прекин. Според податоците на компанијата „Електро Марибор“, без напојување се околу 35.000 корисници.
Од компанијата соопштија дека сите расположливи екипи се на терен. Проблемите пред сè ги предизвикува тежината на влажниот снег, поради што се кршат гранки и паѓаат дрвја кои ги оштетуваат далекуводите. Интервенциите се сложени, бидејќи екипите мора да работат внимателно, а пристапот до одредени локации на дефекти е отежнат поради временските услови.
Корисниците се замолуваат за разбирање и трпение. Обновата на снабдувањето со електрична енергија ќе се одвива постепено, во зависност од сложеноста на поединечните интервенции.
Според информациите, дел од Марибор останал и без вода. Причината, наводно, е прекин на електричната енергија во Камница, поради што пумпната станица „Врбански плато“ не работи.
Свет
Иран со предупредување дека американските воени средства ќе бидат „легитимна цел“, доколку САД ги спроведат воените закани
Иран предупреди дека американските бази, објекти и воени средства ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД ги спроведат своите воени закани и напади.
Амир Саид Иравани, амбасадорот на Иран во Обединетите нации, ги изрази овие закани во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, според АФП.
Според написите, претседателот Доналд Трамп распореди воени бродови, борбени авиони и друга воена опрема на Блискиот Исток, додека се обидува да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба, нешто што Техеран го негира.
Во писмото, како што наведува медиумот, се цитира објавата на Трамп на социјалните мрежи кога тој рече дека САД можеби ќе мора да користат британски воени бази, вклучително и една на остров во Индискиот Океан, „доколку Иран одлучи да не склучи договор“.

