Македонија
Нови 855 случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.602 теста, а регистрирани се нови 855 случаи на Ковид-19: Скопје – 347, Битола – 77, Куманово – 55, Тетово – 45, Прилеп – 43, Кавадарци – 38, Велес, Охрид и Штип – по 26, Струмица – 25, Кичево – 22, Гостивар – 17, Свети Николе – 14, Кратово – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Крива Паланка и Демир Хисар – по 7, Ресен, Радовиш , Берово и Валандово – по 6, Струга – 5, Дебар и Виница – по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Капија – 1.
Од вкупниот број позитивни (855), регистрирани се 189 реинфекции.
Регистрирани сe 683 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 341, Кавадарци – 45, Куманово – 41, Тетово – 34, Велес – 33, Прилеп – 27, Битола – 23, Неготино – 21, Струмица – 15, Гевгелија – 14, Гостивар – 13, Ресен – 12, Кичево – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Кочани – 8, Охрид , Берово и Валандово – по 5, Кратово – 4, Демир Хисар – 3, Крушево – 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица, по едно од Битола (85) и од Кочани (71), двете се починати во болнички услови, а се пријавени во периодот од 22.7. до 27.7.2022 година.
Направени се 1.602 теста преку: ИЈЗ-221, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-50, ЦЈЗ Куманово-48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-45, Биотек-33, Систина-21, лабораторија Лаор-11, Синлаб-12, Ремедика-6, Плодност-22, Генеа-6, Никоб лаб-50, ВФВ медикал-8, Ели медика плус-4, Ројал медика–1, Спектра-ММ-9, Рапид лаб–5, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 739.
Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 154.521, Активни 2.226
Куманово 17.429, Активни 245
Битола 16.772, Активни 441
Прилеп 14.800, Активни 271
Тетово 13.976, Активни 192
Кавадарци 11.332, Активни 225
Велес 10.307, Активни 165
Гостивар 9.868, Активни 101
Охрид 9.538, Активни 263
Струмица 8.422, Активни 148
Штип 8.386, Активни 124
Кичево 5.858, Активни 82
Кочани 5.263, Активни 49
Струга 4.924, Активни 109
Гевгелија 4.565, Активни 52
Неготино 3.882, Активни 73
Ресен 2.884, Активни 69
Свети Николе 2.708, Активни 22
Радовиш 2.636, Активни 62
Крива Паланка 2.521, Активни 44
Делчево 2.014, Активни 3
Дебар 1.737, Активни 44
Берово 1.735, Активни 22
Валандово 1.543, Активни 22
Виница 1.411, Активни 9
Пробиштип 1.293, Активни 8
Богданци 1.047, Активни 8
Кратово 1.031, Активни 32
Крушево 969, Активни 27
Демир Хисар 885, Активни 32
Македонски Брод 768, Активни 15
Демир Капија 603, Активни 1
Македонска Каменица 528, Активни 3
Пехчево 491, Активни 3
Дојран 362, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт храната станува луксуз

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не разубедат дека во држава со 400 евра минимална плата и цените што дивеат, добро се живеело. Да, се живее, ама до 10-ти во месецот, потоа е период на преживување. Со ВМРО ДПМНЕ на власт, година и пол, храната стана луксуз, луксуз е минималната плата, луксуз е чистиот воздух и справувањето со отпадот, луксуз е правдата, луксуз е да се има достоинствен живот. Ама, не е луксуз рекордно задолжување, новиот долг од 1,8 милијарди евра за првите 13 месеци, без никаков реален и видлив ефект на развојот, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната граѓанска трибина под слоганот „Се бориме се нашиот дом“ што се одржа во Радовиш.
Додаде дека откако на власта не им успеале така наречените „кошнички“, кои се покажале дека биле само лажен пи-ар и откако не презеле ништо, Владата на ВМРО ДПМНЕ користела само спинови и манипулации.
– Реалните податоци кажуваат инфлација од 4 отсто, а власта со спин се обидува да каже минус 0,2 отсто, ама споредувано месец со месец. Вистината е дека реалната инфлација е 4 отсто, дека храната е поскапа 6,3 отсто, цените во рестораните и хотелите над 8 отсто. Колку сакаат нека прават спинови, граѓаните гледат и чувствуваат. Не им требаат бројки, знаат колку можеле да купат со истите пари пред една година, а колку може сега. Ќесата од маркет е се попразна и се полесна, се бира што да се купи. Премиерот треба да знае дека граѓаните не може да живеат од неговите спинови, туку од она што им останува во паричникот, потенцираше Филипче.
Тој ги повика радовишани на 19 октомври да излезат масовно на гласање и да го дадат својот глас за кандиатот за градоначалник на Радовиш од СДСМ и коалицијата, Ристо Спасов и за советничката листа од оваа коалиција.
Македонија
Мицкоски: Тоа што Филипче ме презира е помало гајле, поголемо е што ја доведе СДСМ на едвај 120-130 илјади гласови

Ова за СДСМ не се избори за спас на Македонија, туку избори за спас на нивните лични кариери. Тие се уплашени од одговорност и затоа ова тесна мала група која што ја има киднапирано СДСМ, ја држи цела држава Македонија во грч. И како такво, јас ова го разбирам како потценување на гласачите и директна уцена врз цела држава, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од митингот во Свети Николе.
Мицкоски се осврна и на трката за градоначалник на Град Скопје, посочувајќи дека кандидатот од СДСМ не е во трка со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, туку со независните кандидати.
– Јас ја кажувам вистината во очи, без оглед на тоа дали Филипче ме мразел или презирал, како што тоа го кажа на еден од последните митинзи. И тоа што ме презира е помало гајле, поголемо е што таа негова политика на навреди, на ниски зборови, кои што не би требало човек интелектуалец да ги кажува, па колку и да чувствува гнев кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ, ја доведе СДСМ на едвај 120-130 илјади гласови, а во некои општини, оваа политичка партија е трета, во некои е и четврта опција. Во главниот град, на пример, очекувањата се дека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје нема да ја надмине бројката од 30 илјади гласови. Што во суштина, е далеку под нивниот биолошкиот минимум, и е доволна основа да биде трка не со ВМРО-ДПМНЕ и со Орце Ѓорѓиевски во Скопје, туку со некои од независните кандидати, истакна Мицкоски.
Осврнувајќи се на довербата во судството, Мицкоски рече дека два проценти доверба во судството се последица на неказнетиот криминал и сознанието дека повеќе од 100 пријави стојат во фиоките на судиите и обвинителите кои им служат на СДСМ и ДУИ.
– Она што сега ги мачи е чувството и сознанието дека се ближи времето на одговорност и се стега обрачот и околу нив и околу оние кои упорно ги штитат. За тие што ги штитат, пак, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе каже дека биле големи професионалци, а тие кои што ги штитат и се нивниот последен бастион, се малкумина обвинители и судии, и поради нив денеска довербата на народот во обвинителите и судиите е скромни 2 проценти. Тие два проценти доверба се последица на секој неказнет криминал, на сознанието дека повеќе од 100-тина пријави држат во фиоки и ја штитат својата политичка олигархија по секоја цена. Тие малкумина се нивните лакеи и измеќари, кои што се уште и служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.
Македонија
Спасовски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува трагедијата во Кочани, тврди дека не се јавил да спречи контрола

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше, како што вели, лагите изнесени на прес-конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа.
Овие лаги кои ги шири власта се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот ‘Пулс’ а сега се заштитени.
Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани”, стои во објавата на Спасовски.
Претходно, Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција праша, дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?