Свет
Во телевизиска емисија во живо, Путин ќе се обрати пред народот на Русија
Претседателот на Русија, Владимир Путин, најдоцна наесен во телевизиска емисија во живо ќе одговара на прашањата на народот на Русија.
„Директна линија со Владимир Путин“ е телевизиска емисија за време на која шефот на државата во програма во живо одговара на прашања на обичните граѓани на Русија и другите земји. Овој формат на комуникација првпат беше организиран на 24 декември 2001 година, а потоа се одржуваа секоја година, освен во 2004 и 2012 година. Последен пат овој формат беше одржан во 2021 година на 30 јуни.
„Годишната сесија на прашања и одговори на рускиот претседател Владимир Путин, позната како ‘Директна линија со Владимир Путин’, нема да се одржи до есен, а датумите може да бидат одредени во септември. На почетокот на септември, првата половина на септември, започнува политичката сезона, а генерално, заживување на домашниот живот по летниот период. Дефинитивно ќе го одредиме датумот и ќе ве информираме за тоа, изјави во петокот на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Портпаролот на Кремљ даде негативен одговор на прашањето дали самата директна линија може да се воспостави веќе на почетокот на септември. „Реков дека во првата половина на септември има само активирање на животот, продолжување на политичката сезона, сите настани. А во иднина веќе ќе биде одреден датумот“, објасни тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Атентаторот на словачкиот премиер: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа наводниот атентатор и на кое тој зборува за причините поради кои се обидел да го убие словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Не се согласувам со политиката на владата“, наводно вели атентаторот на видеото.
#BREAKING 🚨‼️🇸🇰 Video of the assassin of Robert Fico Slovakia Premier. The reason for the assassination is that Fico is allegedly liquidating the media. Incredible statement from the suspect. #Slovakia #Fico pic.twitter.com/lRA4EFPOwG
— The Macro Story (@themacrostory) May 15, 2024
Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница и според словачките медиуми состојбата е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.
Свет
Путин го осуди атентатот на премиерот на Словачка: Пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка и желби за брзо и целосно закрепнување
Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати телеграма до претседателката на Словачка и го осуди атентатот на премиерот на Словачка, Роберт Фицo.
Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо нема оправдување, тоа е грозоморно злосторство, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во телеграмата што и ја испратил на својата словенечка колешка Зузана Чапутова, тој изразил и желба за опоравување на Фицо, пренесува ТАСС.
„Со огорченост дознав за обидот за убиство на Роберт Фицо, премиерот на Словачка, ова монструозно злосторство не може да има никакво оправдување“, напиша Путин во својата телеграма на веб-страницата на Кремљ и додаде:
„Го познавам Роберт Фицо како храбар и подготвен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација“, се обрати рускиот лидер и продолжи: „Ве молам пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка, исто така и желбите за брзо и целосно закрепнување“.