Македонија
Шпанскиот премиер пристигнува во официјална посета на Македонија

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе пристигне во официјална посета на Македонија, во рамки на неговата балканска турнеја.
Премиерот Ковачевски заедно со владина делегација во состав од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе ја пречекаат шпанската владина делегација предводена премиерот Санчез, со највисоки државни почести.
Во рамки на посетата, Санчез ќе оствари средба и со претседателот, Стево Пендаровски.
Од МВР информираа дека поради таа причина ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Санчез претходните денови беше во посета на Србија и Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Имам понуди за меѓународни позиции, но нема да ја напуштам позицијата градоначалник на општина Чаир, вели Османи за кандидатурата

„Јас немам план Б или резервен план, освен Чаир“, изјави кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи. Тој упати остар предизвик кон својот опонент Изет Меџити од „Влен“. Османи го повика Меџити законски или преку изјава кај нотар да се обврзе дека нема да ја напушти позицијата градоначалник доколку ја добие во замена за каква било друга функција.
Османи ги отфрли и како неточни тврдењата дека ја користи трката за Чаир само за повторно да добие владина позиција.
„Јас ќе потпишам дека нема да ја напуштам канцеларијата или позицијата градоначалник на општина Чаир сè додека не одлучат граѓаните и преземам обврска пред луѓето. Еве јас сум подготвен законски да потпишам дека, независно каква понуда ќе имам, домашна или меѓународна, бидејќи имам и понуди за меѓународни позиции. Нема да ја напуштам позицијата градоначалник на општина Чаир зашто ова за мене е мисија и сум влегол со целото мое битие, со моето знаење, со моето искуство, во овој процес“, изјави Османи.
Тој порача дека најголемата разлика помеѓу него и неговиот опонент е во искрениот пристап кон Чаир и немањето резервна адреса за живеење и за функција.
„За разлика од мојот политички опонент за кого Чаир е резервен план. Не се трга од Владата со идејата: ако победам добро, ако не победам, се враќам во Владата. Зеде фиктивна адреса во Чаир – ако победам добро, ако не, се враќам таму каде што живеам, во друга општина“, рече Османи.
Тој потенцира дека тука пораснал тој, но и неговите деца и дека целиот негов професионален и политички капитал е вложен во Чаир.
Македонија
Николоски – Ле Риголер: презентирани можностите за почнување и унапредување значајни инфраструктурни проекти

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.
На средбата присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.
Беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји и разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.
Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.
Македонија
Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“, соочен со обвиненија за затворска казна и подложен на уцени, иако има активен договор за испорака на нафта, ја прекина доставата, велат од Град Скопје.
Од таму велат дека Јахоски тоа го направил и за предновогодишните празници и ги оставил грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само, како што велат од Град Скопје, да се задоволат суетните лидери, од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи.
„Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз. ЈСП, кој дава јавна услуга за граѓаните, која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните. Затоа за Асмир Јахоски и за ‘Пуцко петрол’ ќе се поведе соодветна постапка за материјална и кривична одговорност, кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта, со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП, кој го водат ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата што му ја предизвикаа на ЈСП, но и Скопје, во изминатите 4 години“, се наведува во соопштението од Град Скопје.