Црна хроника
Гостиварец убиен со нож во групна тепачка меѓу роднини

Педесет и двегодишен гостиварец е прободен со нож во физичка пресметка поради нарушени меѓусемејни односи.
Мажот починал на Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, а полицијата приведе осум лица.
„На 30.07.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот на бул.,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар учествувале во физичка пресметка. Имено, по претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка во која Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С.. Повреденото лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ подлегнал на повредата“, соопшти МВР.
За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.