Македонија
(Видео) Арсовски: Уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат – власта не успеа предавството и неуспехот да го припише на друг
Секој нов ден на чело со СДСМ и ДУИ на власт е нов неуспех на власта и на Република Македонија. Власта секојдневно се обидува да го покрие сопствениот неуспех и тоа им стана практика, меѓутоа не им поминува. Во обид да го затскрие својот неуспех се обидува да ја обвини ЕУ за нивниот неуспех или, пак, ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за она коешто тие го направија како предавство. Граѓаните се свесни и не им успеа ништо од тоа. И на крајот од денот граѓаните повторно се свесни каква катастрофална национална политика води СДСМ и оваа Влада, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека СДСМ и власта имаа две цели за покривање на својот неуспех, но ниту една од двете цели за перење на сопствениот неуспех и распродавање на националните интереси не им помина. Ниту првата цел да ја обвинат ЕУ за позицијата во којашто во моментов се наоѓа Република Македонија на дипломатски план, односно на европскиот пат, ниту, пак, втората цел преку својот полусвет којшто го контролира СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека недоволно се борело.
Арсовски истакна дека СДСМ наспроти националниот неуспех, нарушувајќи ги позициите и државните интереси, руши негативни рекорди во регионот и на економски план. Убедливо Република Македонија има најнизок раст на БДП буквално во целиот регион, убедливо најнизок. Убедливо има најмалку странски инвестиции, а едно време бевме како држава лидер во регионот по донесени странски директни инвестиции. Што уште еднаш покажува дека никој, ама баш никој, ниту во државава ниту од надвор, нема доверба во оваа Влада, во овие луѓе коишто ја водат Владата и нема доверба во целиот систем со којшто го има поставено оваа криминална власт.
СДСМ преку националното предавство се обидува да купи уште некој ден повеќе да биде на власт, за да може да донамести уште некој тендер или да доискраде уште тоа што останало. Најкорумпираната влада на СДСМ не може да биде поевропска од која било друга во Република Македонија во ниту еден случај.
Не смее повеќе разочарувања, не смее повеќе неуспеси и народот не смее повеќе да губи надеж. Доволно генерации пропаднаа поради владите на СДСМ, изјави Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

