Свет
Зеленски ја критикуваше светската безбедносна архитектура, го спомена и Балканот
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето последно видеообраќање, критикувајќи ја светската безбедносна архитектура, го спомена и Балканот.
Имено, тој рече дека светската безбедносна архитектура е целосно неадекватна, велејќи дека тоа го посочиле не само војната во неговата татковина, туку и оние на Балканот, Тајван и Кавказ.
Во своето обраќање Зеленски уште еднаш ја обвини Русија за кршење на меѓународното право со напад на неговата земја. Тој ја гледа 2014 година како пресвртница на сè, кога меѓународната заедница ја пушти Русија да остане неказнета по анексијата на Крим или соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ над Донбас.
– Војната во Украина покажа колку е кревка слободата. Потребна е солидна глобална безбедносна архитектура за да се осигура дека ниту една земја никогаш повеќе нема да може да врши терор врз друга земја – рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека Русија само се преправа дека сака преговори, пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум Палестинци загинаа, а 32 се ранети во израелски бомбардирања
Седум Палестинци загинаа, а најмалку 32 се ранети во израелско бомбардирање на блокираниот Појас Газа, јавува дописникот на ВАФА.
Тој рече дека израелските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз северните и западните делови на бегалскиот камп Нусејрат, при што загинале четворица Палестинци, а 15 други се ранети.
Тој додаде дека израелски воени авиони извршиле три воздушни напади врз населбата Заитун во Газа, при што загинале три лица, а десет се ранети.
Борбени авиони го нападнаа и градот Џабалија и бегалскиот камп во северниот појас, при што беа повредени седум лица, меѓу кои три деца.
Во меѓувреме, израелската артилерија ги гранатираше бегалските кампови Ал-Буреј и Ал-Магази во централниот појас, населбите Тал ал-Хава, Шеик Ијлин и аз-Зајтун во градот Газа, како и кулата Шеик Зајед во Беит Лахиа.
Во јужната зона, артилерија нападна цивилни куќи во источниот дел на градот Кан Јунес.
Свет
ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани убојни средства во Газа може да потрае 14 години.
Според проценките на ОН, за време на војната низ Газа биле создадени 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив бил расфрлан со бомби и други видови муниција кои не експлодирале, пишува ТАСС.
OCHA изјави дека околу два милиони луѓе, или половина од населението на Газа, нашле засолниште во Рафах, кои имаат потешкотии да пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти.
Свет
Со возило удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе со меч во Лондон, има повредени
Неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени во нападот што се случи во североисточен Лондон во близина на фреквентна станица на метрото.
Како што објави SkyNews, маж кој носел меч најпрво удрил со своето возило во куќа, а потоа со мечот ги повредил минувачите и полицајците кои се обиделе да го задржат.
Се се случило околу 7 часот утринава, а на терен се голем број полицајци.
Метро станицата Хаинолт веднаш била затворена, пренесува Телеграф.