Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ знаат дека ќе доживеат дебакл, затоа институциите се распаѓаат

Ковачевски и СДСМ знаат дека ќе доживеат дебакл, затоа институциите се распаѓаат, УЈП и финансиската полиција дувло за рекет? Гледаме од препукувањата помеѓу Вилма Русковска и Арафат Муареми како полека ќе почне да излегува сето она што го правеле, сето она што го ставале под тепих и мислеле дека нема да се дознае, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека Русковска и Муареми покажуваат како биле злоупотребувани институции, и тие обвинувања и индиции мора да имаат разрешница. Мора да се види што правеле наместо борба против криминалот?! Муареми и другите институции во системот мора да кажат дали и ако да, зошто биле злоупотребувани истраги од страна на финансиската полиција за рекет?
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали се отворени предмети за да се држат под закана од прогон луѓе или фирми, а потоа откако ги дисциплинирале ги ставале во фиока?
Русковска, пак, треба да каже зошто молчеле до сега и од кога знае за таквите наводи? Одговорност мора да има, и овој случај мора да се изведе до крај.
Дека институциите се гнили покажува и даночниот криминал од речиси 100 милиони евра, кој бил правен со фиктивни фактури, а кој УЈП го криеше од јавноста сè додека ВМРО-ДПМНЕ не обелодени сомнежи за криминал.
Како доаѓа крајот на власта на СДСМ и ДУИ, така сè повеќе излегуваат на површина нивните криминали. Ваквите случаи дополнително ќе бидат истражени по промената на власта и секој кој се огрешил пред законот ќе треба да одговара, а не да се крие зад поранешни функции или политички позиции. Законот ќе важи еднакво за сите, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време повремено со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во претпладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.