Македонија
Владата го започна чествувањето во знак на почит кон загинатите армиски резервисти кај Карпалак
Владата на Република Северна Македонија, претставена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, во Прилеп, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ со положување цвеќе и оддавање почит го започна одбележувањето на 21-годишнина од загинувањето на десет армиски припадници кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година.
Советникот Василевски во име на Владата, во чест на споменот на армиските резервисти Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, вечерва положи цвеќе и на спомен обележјето во село Лениште и присуствуваше на вечерната богослужба во манастирот „Св. Петка“.
Чествувањето во спомен на загинатите бранители продолжува утре, на 8 август, со посета и оддавање почит на споменикот во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, како и во Прилеп, со положување цвеќе на нивните вечни почивалишта, со панихида во црквата „Света Петка“ и пред комплексот „Карпалак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е разочаран од новото раководство на СДСМ: Ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски страсти и навреди
Од новото раководство на СДСМ премиерот Христијан Мицкоски не очекува конструктивна опозиција. На денешното поставување камен-темелник з анова детска градинка во Расадник, Кисела Вода, одговарајќи на новинарски прашања премиерот Мицкоски рече дека за новото раководство на СДСМ може да каже две работи.
„Прво дека членовите на конгресот или на општинските организации на СДСМ си избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат. Ние не можеме да кажеме какво раководство треба да има СДСМ. Тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат и во ред, тоа е што е. Второ што можам како порака да го пратам е дека не сум импресиониран од ова раководство, напротив, разочаран сум затоа што ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена кај нас. Ќе продолжат со оние конструкции, измислици, ниски страсти, навреди, дневно политички и тоа е што е“, рече премиерот Мицкоски.
Според него локалните избори следната година ќе бидат првиот тест за новото раководство на СДСМ.
„Отприлика за десет месеци од денеска ќе има веќе кампања за локалните избори и ќе видиме дали ова ново раководство ќе понуди нешто ново, нема да понуди нешто ново и така натаму. Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена. За жал можам да констатирам дека не сум импресиониран од кадровската понуда, но тоа е одлука на членовите на конгресот на СДСМ“, вели премиерот Мицкоски.
СДСМ вчера избра нов состав на Централниот и Надзорниот одбор како и заменик-претседател. Заменик – претседателка на партијата од вчера е Фани Каранфилова-Пановска, а во Централниот и Надзорниот одбор влегоа поранешниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски, поранешниот директор на истражниот завор во Шуто Оризари, Филип Андов, поранешниот пратеник Мартин Костовски, поранешната заменик-министерка за правда Викторија Мадиќ-Аврамовска и ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Македонија
Мицкоски: Неделава стопанството ќе добие средства од унгарскиот заем со историска најниска каматна стапка од 1,95 процент
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамките на постојната ЈДГ ,,8 Март” во Општина Кисела Вода.
По настанот одговарајќи на новинарско прашање, од кога ќе може да се користат евтините банкарски кредити, кои се договорени со банките и под кои услови, информираше:
„Ние нашето си го направивме обезбедивме заедно со дел од банките навистина историски најниска каматна стапка од 1,95 проценти. Под услови до три години грејс период, значи тука ќе се плаќа само каматната стапка и до 15 години рок на отплата, бидејќи има компании коишто сакаат рокот на отплата да биде пократок, да не биде толку долго. Така што оставивме простор и го вметнавме она зборче ‘до’ и мислам дека е тоа добро за економијата, имајќи предвид дека обврска на компаниите и е најмалку дваесетина проценти од проектот од сопствени средства да го финансираат“, кажа Мицкоски.
Според проекциите, очекува како што рече зимата да ја поминеме без поголеми потреси и пореметувања на пазарот.
„Станува збор за 300 милиони евра, кога на тоа ќе се додадат уште пола милијарда, 500 милиони евра коишто ги реалоцираме од Буџетот кон општините и оние проекти коишто Министерството за животна средина и Транспорт беа закочени, тоа се 800 милиони. Имајќи предвид дека е проектиран бруто-домашниот производ на 16 милијарди станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства којшто очекувам да бидат инвестирани ова и следната година. Тоа е алатката со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза поради кризата во автомобилската индустрија во Европа, нормално. Од аспект на енергетските ресурси мислам дека тука е оптимална состојбата и дека тука оваа зима ќе ја поминеме без поголеми потреси и би рекол пореметувања на пазарот.
Така што оние два реални проблеми коишто ги антиципиравме коишто можат оваа зима и пролет да бидат проблеми мислам дека подготвени ќе ги пречекаме. Ова е жива материја, проблеми има секој ден, решаваме тековно, но овие беа оценети како главни приоритети за решавање. Мислам дека како Влада нема да бидат сведоци граѓаните на оние слики коишто беа во минатото кога во 5 до 12 се бараат ад-хок решенија па тие не чинат многу скапо изнудени решенија. Подготвени го пречекуваме сето ова и можеби сме први во регионот ако не и во Европа. Тоа што сме помали, помалубројни тоа значи понекогаш и предност така што мислам дека многу брзо се адаптиравме на ова и мислам дека подготвени ќе го ќе го пречекаме сето ова“, нагласи премиерот.
Појасни дека сите компании коишто ќе инвестираат во средства за работа односно основни средства, тие ќе бидат подржани со овој проект.
Максималниот износ на проектот , како што нагласи, ќе биде до 10 милиони евра.
„Што значи од тие 10 милиони, би требало, 20 проценти минимум да е сопствена инвестиција што значи дека до 8 милиони евра ќе бидат финансирани од, од овој проект. Тука се опфатени објекти коишто се од обновливи извори на енергија, онаму каде што ќе се инвестира, таму нели, сите ние сме за онаа зелена транзиција се боревме што поскоро да ги постигнеме целите имајќи предвид дека планот за раст тоа и го наметнува и сме први во регионот иако како влада последни почнавме во многу работи и први ќе ја добиеме траншата.
Така што и исто така оние коишто ќе инвестираат во административни простории за сопствени потреби не да инвестираат, па да ги препродаваат туку за сопствени канцелариски простори административни, во склоп на производниот погон и слично. Така што еве уште еднаш ќе ги повикувам компаниите да подготват добри издржани проекти, план добар, бизнис план. Навистина претставува атрактивно сето ова вие да добиете осум милиона по каматна стапка од 1,95 проценти, до 8 милиона зборуваме тоа значи дека годишно ќе треба да плаќате до 160.000 евра камата и три години да ги работите парите“, истакна Мицкоски.
Македонија
Закани со конструкции и политички прогон, велат од ДУИ по изјавата на Таравари дека поранешни функционери се повикани во Обвинителството
Министерот за здравство, Арбен Таравари денес објави дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства, најавувајќи дека наскоро јавноста ќе види за кој се’ станува збор.
„Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии“, рече Таравари.
ДУИ попладнево ги опиша како скандалозни изјавите, коментирајќи дека станува збор за закани со конструкции и политички прогон, како и притисоци врз истрагата и обвинителството кои никого не плашат, туку ја покажуваат скандалозната и неприфатлива тенденција на практикување на заробена држава од власта.
ДУИ бара меѓународно следена проверка на сите носители на политички функции.
Вакви изјави со прогонителски политички конструкции во минатото даваа и други членови на Владата без етнички легитимитет, со што ја презедоа улогата на сценарист, истражител, обвинител и судија, велат од ДУИ.