Црна хроника
422 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (10.8.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 422 возачи.
Од нив, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 211 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило излета од автопатот Скопје-Неготино: повредени три лица
Вчера во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино, во атар на с.Башино село, патничко возило „мерцедес“ со национални регистарски ознаки на Р.Грција, управувано од Л.К.(43) од Гевгелија излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И.(73) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле Л.К. и уште еден сопатник Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско
Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Следел женско лице а од канцеларијата и го украл и мобилниот телефон: кривична за маж од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ф.(63) од Дебар.
Toj се сомничи за сторени кривични дела „кражба“ и „демнење“.
63-годишниот маж извесно време следел женско лице од Дебар, а на 07.05.2024 од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон.