Контакт

Забава

Исповед на првото бебе од епрувета во Австрија: Ние ин витро децата сме 100 отсто сигурни дека сме посакувани деца

Објавено пред

„Најголемото богатство во животот е да имаш дете“. вели денеска 40-годишниот Златан Јовановиќ, првото бебе од епрувета во Австрија. Тој сега се гордее на своите родители што се бореле да го добијат.

dobivaj vesti na viber

Некогаш табу-тема за која не се знаеше или не се зборуваше многу, денес стана вообичаена процедура, ин витро оплодување, кое им помага на паровите да ја искористат својата шанса за родителство и да добијат потомство.

Но, порано не беше така, а Јовановиќ се присети како му било и кога дознал дека не е обично бебе.

„Кога бев мал, за секој роденден, мајка ми ме носеше некаде, во парк, се фотографирав за весник и мислев дека е така со секое дете. Не обрнував внимание на тоа, се чувствував како ‘нормално’ дете“, вели Јовановиќ.

Меѓутоа, како што растел, полека сфатил дека сепак е посебен во нешто.

„Можеби бев шесто или седмо одделение, тоа ми го кажа мојот класен раководител. Тогаш не знаев точно што е тоа, но знаев дека не сум обично бебе. Мајка ми се обиде да ми објасни, но сам дознав повеќе“, рече тој.

На прашањето каква била реакцијата на неговото опкружување, тој вели дека сето тоа му било „кул“, се видел себеси во весник, а за другарите од училиштето набргу станал цел на потсмев, но сето тоа бргу поминало.

Тој денес особено се гордее на своите родители Јованка и Драган, но особено на мајка си.

„Слушнав некои работи – што мораше да издржи мајка ми додека беше бремена со мене, што зборуваа другите жени за неа… Најдов некои касети, слушнав некои снимки како дава интервјуа, како гледаат другите жени на тоа. Она низ што таа помина, секоја чест за неа“, со гордост истакнува Јовановиќ.

Денес знае дека најголемото богатство на светот е да има свое дете.

„Родителите ќе направат сè за да добијат дете и благодарност до мајка ми што се обиде да ме добие. Се гордеам“, вели тој и на шега додава:

„Ние децата што се родивме со ин витро можеме да кажеме дека сме 100 отсто сигурни оти сме посакуваните деца, а другите само 99 отсто.

Татко му е од околината на Шабац, а мајка му од околината на Трстеник.

Никогаш не наиде на негативна реакција во Србија поради фактот што му го одбележа животот.

Напротив, бидејќи во поширокото семејство има дури 13 сестри, а само двајца браќа, и дека тој е прво машко дете, семејствата и од татковата и од мајчината страна биле особено среќни поради неговото доаѓање.

„Беше голема радост, сите беа среќни бидејќи се роди машко дете. Важно беше што се родив и што бев здрав“, вели Јовановиќ.

Денес, во 21 век, и со искуството низ кое поминал и со сето она што го почувствувал на својата кожа, без двоумење вели: би го советувал секој пар да се подложи на ин витро оплодување доколку има проблеми со зачнувањето.

„Зошто да не? Јас би бил првиот, доколку имам проблем, да одам на ин витро оплодување, па дури и да не кријам. Ако не можете да го направите тоа природно – обидете се на овој начин. За мене, најголемото богатство е да го имам моето сопствено дете. Сè уште не сум оженет, уште немам деца, но не можам да замислам поголемо богатство од тоа да имам деца“, изјави Јовановиќ.

Вели дека во Србија доаѓа двапати годишно по две недели или почесто ако му дозволуваат обврските.

Златан е роден на 5 август 1982 година, а пет години подоцна, нормално, неговите родители добиле девојче Јасмина, а Златан сестра.

„Таа е родена на нормален начин, по мене. Иако и ова вештачково е нормално, особено денес во светот, со оглед на тоа колку бебиња се раѓаат преку процесот на ин витро оплодување“, вели Јовановиќ.

Австриските медиуми на секое коло од роденденот на нашиот Златан нè потсетуваат дека тој е првото бебе од епрувета во таа земја.

Забава

Семејната фотографија го разнежни светот: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги честитаа празниците

Објавено пред

Сите со нетрпение очекуваа Кејт Мидлтон и принцот Вилијам да објават традиционална божиќна честитка на своите официјални профили на социјалните мрежи, а тоа вклучува и фотографија од нивното семејство.

dobivaj vesti na viber

На најновата фотографија, Кејт и Вилијам позираат заедно со своите деца, синовите Џорџ и Луис, и ќерката Шарлот.

Сите се облечени полежерно од вообичаеното, што ја прави фотографијата уште поемотивна, а познато е дека Кејт е избрана за најдобро облечена жена за 2025 година.

Насмевките на нивните лица им дадоа на луѓето самодоверба и доказ дека конечно сè е во ред во кралското семејство.

„Им посакуваме на сите Среќен Божиќ“, пишува во описот на објавата, за која се вели дека е создадена уште во април оваа година, па затоа ја избрале како традиционална честитка.

„Прекрасно“, „Прекрасно семејство“, „Убаво е да ве видам насмеани и заедно“, „Среќен Божиќ“, беа само дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Дарко Андонов – ДААН објави нова песна „Крајот е спас“

Објавено пред

Од

Со песната „Крајот е спас“ македонскиот артист и музички продуцент Дарко Андонов – ДААН претставува длабоко личен музички проект, кој претставува преработка на композиција од групата „Три пати на ден“, бендот во кој творел неговиот покоен татко. Станува збор за поп-рок балада што носи силна емоционална тежина и симболично значење, како чин на почит и сеќавање.

dobivaj vesti na viber

„Оваа песна за мене не е само музика, туку разговор со минатото и начин да го зачувам она што татко ми го остави зад себе“, вели Андонов. „Сакав да ѝ дадам нов живот, но без да ја нарушам нејзината суштина.“

Во „Крајот е спас“ целосно се задржани оригиналната мелодија и текст, додека интервенцијата е направена исклучиво на аранжмански план. Современиот звук внимателно е изграден така што ја надополнува, а не ја заменува емоцијата на оригиналната верзија, создавајќи мост помеѓу минатото и сегашноста.

Песната зборува за загубата, прифаќањето и внатрешното помирување, но и за силата на музиката како средство за поврзување на генерациите. „Не чувствував потреба да менувам зборови или мелодија — тие веќе кажуваа сè. Моја задача беше само да ги облечам во звук што ѝ припаѓа и на денешницата“, додава тој и нагласува дека аранжманот е работен со Кире Јакимов кој што исто така беше задолжен и за Миксинг и мастеринг на финалното аудио.

Музичкото видео за „Крајот е спас“ е веќе објавено на YouTube и е реализирано со помош на вештачка интелигенција (AI). Во видеото се рекреирани сцени од легендарното студио на МРТ каде групата “Три пати на ден” го има снимено својот прв албум во 1991 година. Визуелниот приказ преку симболични и атмосферични сцени ја следи емоцијата на песната и ја засилува нејзината порака, без буквални наративи, оставајќи простор за лично доживување кај публиката.

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит денес го слави својот роденден: полни 62 години

Објавено пред

Бред Пит, актерот што ги излудуваше обожавателите кога „Инстаграм“ не постоеше, денес го слави својот 62. роденден. Пит е една од најголемите ѕвезди во Холивуд повеќе од три децении.

dobivaj vesti na viber

Роден е на 18 декември 1963 година во Шони, Оклахома, а пораснал во Мисури. Студирал новинарство и рекламирање, но само две недели пред дипломирањето решил да ги спакува куферите и да си ја испроба среќата во Холивуд. Овој потег се покажа како еден од најдобрите во историјата на филмската индустрија.

Своите први актерски чекори ги направи кон крајот на 80-тите во телевизиски серии, но привлече светско внимание во 1991 година со улогата на згоден стопер во филмот „Телма и Луиз“. Таа кратка, но впечатлива сцена, го лансира во слава, а Холивуд бргу сфати дека Пит е повеќе од само убаво лице.

Во текот на 90-тите тој изгради импресивна кариера. Иако често е прогласуван за еден од најзгодните мажи во светот, Пит со текот на годините докажа дека е и сериозен актер, склон кон неконвенционални улоги.

Во последните години често се пишува дека Бред Пит има затегнат однос со своите деца, особено по бурниот развод од Анџелина Џоли.

Според медиумските извештаи, некои од децата се дистанцирале од него, а други дури и се откажале од неговото презиме во јавни и правни контексти и го користат само презимето на мајка им Џоли. Пит ретко јавно зборува за тоа, а целата ситуација останува една од најчувствителните теми во неговиот приватен живот.

Во последните години Пит ретко се појавуваше јавно со своите партнерки, но е потврдено дека е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон од 2022 година, според написите во светските медиуми. Иако денес го чува својот приватен живот многу подискретно отколку порано, извори блиски до актерот велат дека тој е во стабилна и мирна фаза од својот живот.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија7 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа8 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет8 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија9 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија9 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија10 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија13 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија14 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија14 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија15 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија15 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион16 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет17 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет17 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион17 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...