Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во Бугарија се спремаат нови документи и условувања
„Продолжуваат капитулациите на македонската дипломатија во односите со Бугарија.
Секој ден нови барања, нови изјави кои ги негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Катадневно пристигнуваат нови и нови шлаканици од страна на бугарски политичари.
И покрај потпишаниот Протокол, кој од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех, како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања.
За сите понижувања, во договор со бугарските власти, Ковачевски, Османи и Маричиќ за реализација на сите нечесни намери пред граѓаните лажат дека Европската Унија нè принудува на истото.
Секоја ваква изјава е само уште една ноторна лага за спас на политичките кариери и да си купат уште некој ден плус да останат на власт.
Нечесните намери од страна на оваа ненародна власт и властите на Бугарија се асимилација на македонскиот народ и бугаризација, а тоа не е европеизација на државата. Најголеми виновници за секое понижување на државата и македонскиот народ се Ковачевски, Османи и Маричиќ.
ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека нема да има промена на Уставот на Македонија, и покрај сите притисоци од страна на криминалците од СДСМ.
СДСМ и Ковачевски треба да се охрабрат и да прифатат одржување референдум за овој процес со Бугарија. Нека не се плашат да го слушнат гласот на народот за нивните предавнички и погубни политики“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

