Црна хроника
Малолетник со „јамаха“ удрил во „бе-ем-ве“ на излез од паркинг во Скопје
На 15.8.2022 во 19:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул. Народен фронт, ул. Шарски одреди и излез од паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бе-ем ве“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(19) од Скопје и мотор „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од с. Пласница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турчин со „хонда“ удрил во полицаец
Денеска во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Д.(28) од Република Турција затоа што со патничко возило „хонда” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој е задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го погодил проектил во нога додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Мигранти од Турција и Ирак најдени на автопат кај Неготино
Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.