Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.8.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за непрописно престигнување и обиколување.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Деца ограбиле деца со нож во Скопје, МВР ги фати
Полицијата вчера приведе четворица малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.
Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае.
Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.