Свет
(Видео) Внукот сведочи како ајкула ја нападнала баба му: Скокна по неа, таа врескаше!
Посетителите на плажа во Јужна Каролина се предупредени да бидат дополнително внимателни на плажите, откако две лица беа нападнати од ајкула на истата плажа во ист ден.
Ужасните напади се случија во водите околу познатата Миртл Бич во Јужна Каролина во понеделникот, при што една жртва беше тешко повредена.
Жената била шиена со часови и биле потребни стотици конци за да се сошие, јавуваат локалните медиуми.
Карен Сајтс, која беше една од жртвите, рече: „Почувствував нешто, претпоставувам, ме касна, а всушност имаше ајкула на мојата рака. Бев во вода до половината – постојано ја притискав ајкулата за да ја одбијам и успеав за еден момент“.
Во тоа време таа била со нејзиниот осумгодишен внук кој бил оддалечен само неколку метри.
За среќа, тој не бил повреден. Рекол: „Не можев ни да ја видам ајкулата како доаѓа, но сè што видов е дека ајкулата скокна и ја гризна баба ми, а потоа таа врескаше и штом ајкулата ја допре, таа падна во водата“.
Сајтс беше итно пренесена во болница и се очекува наскоро целосно да закрепне. Но, само неколку часа подоцна, уште едно лице било нападнато.
Полицискиот оддел во Миртл Бич сè уште не објави детали за вториот напад, но плажата беше затворена накратко по двата инцидента кои се случиле на само неколку метри еден од друг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија
Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.
Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.
Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.
Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.
Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.