Македонија
Нови 473 случаи на Ковид 19, пријавени се три починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.131 тестови, а регистрирани се нови 473 случаи на КОВИД-19: Скопје – 204, Битола – 37, Охрид – 31, Куманово – 21, Струмица – 20, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Кочани – 14, Велес и Кичево – по 12, Тетово и Гевгелија – по 11, Штип – 9, Неготино – 7, Радовиш – 6, Струга, Ресен, Свети Николе и Берово – по 5, Гостивар, Делчево и Виница – по 4, Крива Паланка и Кратово – по 3, Демир Капија – 2, Дебар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 114 реинфекции.
Регистрирани сe 513 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола – 30, Куманово – 29, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Струмица и Велес – по 18, Неготино – 16, Прилеп – 15, Гевгелија – 14, Штип – 13, Кичево – 12, Тетово – 11, Радовиш и Виница – по 8, Кочани – 7, Крива Паланка – 6, Делчево – 5, Ресен и Берово – по 3, Свети Николе, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Кратово, Валандово и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица од Скопје (76г), Охрид (70г) и Прилеп (93г). Две лица се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.141.456 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.513, бројот на оздравени пациенти е 324.633, на починати е 9.440, а бројот на активни случаи изнесува 3.440.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

