Македонија
Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи
Времето денес прoменливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До средината на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран.
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

