Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме Ковачевски да каже кого победил во Центар Жупа, кога имаше само еден кандидат?!

Објавено пред

„Го повикуваме Ковачевски да каже кого победил во Центар Жупа, кога имаше само еден кандидат?!

dobivaj vesti na viber

Изборите успеаја само затоа што сограѓаните од дијаспората се во Македонија.

Истовремено Ковачевски да каже кои се тие мрачни сили, и да не ја замајува јавноста со неговите лаги и обиди за прикажување на лажен триумфализам“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат

Објавено пред

Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година не успеа да ги обезбеди, но новата министерка, Весна Јаневска, уверува дека ќе ги има за следната учебна година. Нејзиното ветување е исто како и ветувањата што ги даваа нејзините претходници Јетон Шаќири, кој раководеше со Министерството од јануари 2022 година  до јуни 2024 година, Мила Царовска која беше министерка од јануари 2020 година до јануари 2022 година и Арбр Адеми кој беше на чело на Министерството за образование од јуни 2018 година до јануари 2020 година. Сите ветуваа учебници, меѓу другите, и за странски јазици, но учебници за учениците нема.

dobivaj vesti na viber

Наставниците по странски јазици соочени со старт на уште една учебна година без учебници велат дека се снаоѓаат за да им го предадат предвидениот материјал на учениците. Не сакаат да зборуваат јавно оти стравуваат за работните места, но се жалат дека некогаш се заглавуваат и цел час во диктирање на лекциите за учениците да имаат од што да учат.

Министерката Јаневска во неколку наврати досега изјави дека учебниците по странски јазици не се одобрени оти не биле квалитетни. „Макфакс“ побара конкретно објаснување од Министерството за образование зошто нема учебници по странски јазици. Кабинетот на министерката вината ја префрли на претходното раководство на Министерството за образование без да прецизира каков е проблемот во предложените учебници за странски јазици.

„Веќе петта година по ред недостасуваат учебници за странски јазици од прво до деветто (англиски од прво до деветто – прв странски јазик; француски, германски и руски од шесто до деветто – втор странски јазик, италијански за шесто – втор странски јазик). Претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која се уште трае, односно се чека одговор од Второстепена комисија. По завршување на истата, ќе биде повторно објавена и спроведена согласно законските прописи и целосно транспарентно“, велат од Кабинетот на министерката Јаневска за „Макфакс“.

Од таму не одговорија на конкретното прашање дали е можно учебниците да бидат набавени за второто полугодие, но наведоа дека сите учебници по странски јазици ќе бидат обезбедени за следната учебна година.

Ваквото ветување е небулоза за Вишиот просветен инспектор во пензија Ѓорѓи Илиевски. Не петта туку седма година по ред министрите за образование манипулираат со учениците, наставниците и родителите кога се работи за обезбедување на учебници за странските јазици, смета поранешниот инспектор Илиевски.

„Четворица министри даваат исти ветувања, а учебници нема. Образованието е на невидено дно. Повеќе од очигледно е дека министрите манипулираат и шпекулираат оти во прашање се седум, не пет години како што вели новата министерка. Оправдување за ненабавен учебник може да се случи за месец, два доцнење, но ние зборуваме за седум години. И новата министерка имаше доволно време ако не за почетокот на учебната година, тогаш за второто полугодие да ги обезбеди и овие учебници, но такви најави нема. Таа од старт зборува дека ќе ги обезбеди за следната учебна година. Очигледно е дека тендерите беа и останаа проблем во Министерството. Што правеа досега Националната комисија за учебници, Педагошката служба во Министерството, Бирото за развоја на образованието и сите досегашни министри што не успеаја да се усогласат за учебниците по странски јазици?“, вели поранешниот инспектор Илиевски за „Макфакс“.

 

Прирачник по странски јазици за наставници и за ученици е решение кога нема учебник, но и таков нема

 

Кога веќе знаеле дека и оваа година ќе нема учебници, Илиевски вели дека можеле да најдат привремено решение, како што досега било пракса со оние учебници кои од различни причини не можеле да им бидат на располагање на учениците.

„Министерката под итно треба да го задолжи Бирото за развој на образованието да подготви прирачник за странски јазици за учениците и за наставниците, кој би можеле да го користат до второто полугодие од оваа учебна година, време кое е доволно за да се обезбедат и учебниците“, рече поранешниот инспектор Илиевски.

Бирото за развој на образованието вината за немањето учебници по странски јазици посочува дека треба да се бара кај Педагошката служба во Министерството за образование, надлежна за спроведување на постапката за набавка на нови учебници.

„Во поглед на прашањето за учебниците, сметаме дека истите се важно дидактичко средство првенствено за учениците, како поддршка во процесот на совладување на еден странски јазик и дека учениците треба да имаат учебник, но тој не треба да биде единствениот ресурс во наставниот процес. Притоа истакнуваме дека, изборот на учебници, па и на оние по странските јазици е во надлежност на Педагошката служба при Министерството за образование и наука, која во законски утврдена процедура согласно Законот за учебници за основно и средно образование ја спроведува целата постапка за набавување на учебници“, велат од Бирото за развој на образованието.

Бирото за развој на образованието изработило нови наставни програми за странски јазици во 2021 година. Тие, како што објаснуваат, содржат и јасни стандарди за оценување, како и предлог-активности, кои наставниците можат да ги преземат од наставната програма, да ги модифицираат или да предвидат активности по свој избор, како и содржини за дискусија, соодветни на постигнатото јазично ниво. 

„Бирото за развој на образованието како институција која ги изработува и на министерот му ги предлага наставните програми, согласно своите законски надлежности, спроведе обуки за новите наставни програми за странските јазици, со кои ги опфати сите наставници кои реализираат настава по странски јазик. Во текот на обуките беа дадени јасни и детални  насоки како да се изработуваат планирањата на наставата и нејзината реализација, беа понудени примери за планирања од страна на советниците од Бирото, извори за користење дополнителни ресурси потребни при реализација на наставата, особено дигиталните ресурси, од видот на платформи, линкови и слично“, велат од Бирото за развоја на образованието за „Макфакс“.

Од Бирото уверуваат дека советодавната поддршка за наставниците од страна на нивните советници Бирото е континуирана. Изминатиов период успеале да направат и контроли за квалитетот на наставата.

„Спроведени се советодавни посети кај наставниците кои реализираат настава согласно новите наставни програми, со цел да се утврди квалитетот на наставата и притоа е констатирано дека најголемиот дел од наставниот кадар многу успешно ја реализира наставата по странски јазици, користејќи дополнителни материјали, дигитални содржини преку смарт уреди и слично“, објаснуваат од Бирото за развој на образованието.

Пензионираниот инспектор Илиевски вели дека од ваквата состојба во јавните училишта, ќаруваат приватните училишта за странски јазици оти сите кои можат да си дозволат ги запишуваат децата на курсеви по странски јазици.

(Продолжува)

Со овој текст, „Макфакс“ се приклучува на иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Љутков – Обуљен Коржинек: Ги интензивираме одличните македонско-хрватски односи во културата

Објавено пред

Одличните релации меѓу РС Македонија и Р Хрватска на надворешно-политички план, во рамките на регионалната соработка, ЕУ и НАТО, се отсликуваат и во традиционално добрата соработка во културата, се согласија министерот Зоран Љутков и министерката за култура и медиуми на Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, на денешната билатерална средба во Загреб.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше искажана благодарност за поддршката и подготвеноста на Република Хрватска за споделување на искуствата и позитивните практики од процесот на пристапување кон ЕУ. Министерката Обуљен Коржинек истакна дека Хрватска останува гласна во поддршката на евроинтеграцискиот пат на нашата земја, а министерот Љутков во тој контекст истакна дека и неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицковски на оваа пријателска држава е дополнителен импулс за продлабочување на односите.

Љутков, на хрватската колешка ѝ го образложи значењето на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и ја претстави новата директорка, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која има долгогодишно искуство во областа на културата. Тој подвлече дека Центарот има големи потенцијали за проширување на соработката во културата, но и за промоција на природните ресурси на нашата држава, како и можност за проширување на надлежностите во образованието и науката.

На средбата беа истакнити многубројни примери на соработка на институционално ниво во културата во сите области на уметноста, а министерката Обуљен Коржинек особено ги издвои успешните копродукциски филмски проекти меѓу двете држави, како и преводите на дела од реномирани македонски и хрватски автори на двата јазика. Таа изрази особено задоволство од присуството на македонски театарски творци во Хрватска кои бележат завиден успех.

Министрите ги споделија искуствата во однос на развојот на креативните индустрии, при што Љутков искажа подготвеност за примена на добрите хрватски практики, посочувајќи дека овој сектор е во приоритетите на Министерството за култура и туризам и за него ќе бидат одделени зголемени буџетски средства.

Во конструктивна атмосфера, Љутков и Обуљен Коржинек разговараа за идните чекори во однос на мултилатералните иницијативи, при што го поздравија повторното активирање на иницијативата КОМОКОСЕЕ – Совет на министри за култура, во чии рамки ќе се одржат состаноци на експертско и на министерско ниво. Беше разговарано за активностите, поточно за уредувањето и за наративот на музејската поставка при продолжувањето на проектот за отворање на поранешниот југословенски павилјон во „Аушвиц-Биркенау“, координиран од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија,

Љутков упати покана до министерката Нина Обуљен Коржинек за возвратна посета на Македонија, за време на одржувањето на фестивалот на Регионалната унија на театри „Рута“ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

По пријавите за стомачни тегоби во Воената академија, формирана e комисија за преиспитување на Договорот, соопшти МО

Објавено пред

Во врска со пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пријавени на 12-ти септември, а поврзани со организираната исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана информира дека во министерството е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од Договорот.

dobivaj vesti na viber

„Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, министерството ќе преземе мерки за раскинување на Договорот“, се потенцира во соопштението од ресорното министерство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат

Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година...

Топ1 час

Осуденик пронајден починат во затвор во Скопје

Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение,...

Македонија5 часа

(Видео) „Пендаровски, кога глумеше скромен, рече дека ќе ангажира тројца вработени за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски

„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци...

Македонија5 часа

Запленети облека, обувки, бижутерија, очила, рачни часовници, камагра

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за шверцување, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија,...

Македонија5 часа

Нов земјотрес во Македонија

Нов земјотрес е регистриран во Македонија по скопскиот, кој доцна синоќа ги разбуди скопјани. Потресот е со магнитуда од 2...

Македонија7 часа

Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

На маргините на 79. Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна...

Спорт8 часа

Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10...

Македонија8 часа

По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижностите

Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности. Во последните два месеци, бројот на заостанати...

Свет9 часа

Бајден: САД прават сè за да спречат избувнување поширок конфликт на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах...

Македонија11 часа

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Топ1 ден

Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема. Пламенот избувна во...

Топ1 ден

Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош

Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром,...

Топ1 ден

Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против  А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи...

Топ1 ден

Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал

Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во...

Топ1 ден

Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект...

Македонија1 ден

Од денес започнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата...

Македонија2 дена

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа2 дена

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија2 дена

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...