Црна хроника
Приведен криминалец кој запалил возило во Глумово
Вчера на Граничниот премин „Долно Блаце“, по претходно распишан централен распис, приведе 25-годишен скопјанец поради предизвикување општа опасност.
„По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје утврдиле дека Б.М. на 12.05.2022 во с. Глумово запалил патничко моторно возило „бмв“, сопственост на С.С.. ЕНК при СВР Скопје во координација со Јавен обвинител поднесе кривична пријава по чл.288 од КЗ на РСМ по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред Судија на предходна постапка и одредена му била мерка куќен притвор во траење од 30 дена“, информираа од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

