Црна хроника
Пронајдена дрога, затекнати малолетници, недавање фискални сметки…акциска контрола во угостителски објект во Делчево

Денеска во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип и други организациски единици од БЈБ во координирана акција со Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат извршија контрола во угостителски објект во Делчево.
Притоа, пронајдена е бела прашкаста материја, затекнати се пет малолетници по 24 часот, а утврдено е и дека едно лице без лиценца врши дејност обезбедување на објектот. Од страна на УЈП е констатирано дека нема фискални каси во објектот и ќе биде изготвено решение за негово затворање, информираа од МВР.
Затекната е и малолетничка која работела како келнерка, а утврдени се и други неправилности од Државниот трудов инспекторат. Контролите продолжуваат и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишно момче со десет убоди сакало да го убие својот татко, тој е во критична состојба

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти Јавното обвинителство.
Според обвинителството, момчето за време на семејна расправија влегло во спалната соба каде се наоѓал неговиот татко и со остар предмет му нанело десет убодни рани во пределот на телото. На местото на настанот била и мајката, која успеала да го оттурне синот и веднаш повикала брза помош.
Повредениот маж бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му е извршен оперативен зафат, но неговата состојба е и натаму животозагрозувачка.
„Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка пред надлежен судија за деца против малолетникот за кривично дело – убиство во обид, по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Со оглед на сериозноста на делото, предложено е определување мерка притвор“, стои во официјалното соопштение од обвинителството.
Црна хроника
Драма на границата со Албанија, спречен илегален шверц на добиток

34- годишниот К.Б. од Дебар бил приведен бидејќи заедно со уште едно лице сакал илегално да пренесе добиток преку граничниот премин Блато.
„При дадена наредба да застанат, лицата не ја почитувале и продолжиле со движење, по што испукани се три предупредувачки куршуми во воздух“, соопшти полицијата.
Лицата веднаш излегле од возилото и се обиделе да побегнат. По преземените мерки, К.Б. е лишен од слобода, а во службениот разговор признал дека нема никаква документација за превезениот добиток.
„Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додадоа од полицијата, нагласувајќи дека инцидентот бил навремено запрен благодарение на брзата реакција на службениците.
Црна хроника
Најдена дрога во затворот „Шутка“ при претрес на ќелија со тројца затвореници

Во затворот во Скопје, вчера околу 11:00 часот е извршен претрес во просторија каде што биле сместени осудените лица П.К., М.А. и М.О., соопштија од СВР Скопје. При претресот на прозорецот биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана, како и лажица и шише со течност.
Од полицијата истакнаа дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на пронајдените супстанции. Претресот е дел од редовните контроли во затворските установи со цел спречување на внес и употреба на забранети материи.
Случајот е пријавен во СВР Скопје, а истрагата продолжува под надзор на надлежното јавно обвинителство.