Свет
(Видео) Китови убијци нападнале јахта во Шпанија
Китови убијци удриле во јахтата на Британец и му изеле дел од кормилото. Британецот и неговиот екипаж биле на околу 30 километри од брегот на Шпанија, кога забележале дека нивниот брод е опкружен со китови.
Одеднаш китовите почнале да ја напаѓаат јахтата, а еден од членовите на екипажот вели дека нивните удари биле силни.
– Сфативме дека ако ова животно одлучи дека ќе го направи тоа, а ние нема да можеме да направиме ништо за да го спречиме тоа – рекол Мартин.
Мартин рече дека воланот на бродот почнал да се врти надвор од контрола.
– Автопилотот ни направи проблеми при патувањето, имавме неколку ситуации кога бродот скршна од рутата. Но, овој пат знаевме дека не е проблем со автопилотот, туку дека сме во неволја – се присетува Мартин.
Потоа видел орки околу чамецот.
– Беа од двете страни на бродот, едната беше напред. Само им викнав на сите: ‘китови убијци’“ – вели Мартин.
Тој и другите членови на екипажот зачудено гледале како ја губат контролата над кормилото додека китовите почнале да го гризат.
– Беше невозможно да се држи воланот. Сфатив дека ќе ми ги скршат рацете, па само се пуштив и оставив да видам што ќе се случи – изјави Мартин.
Неговиот колега Нејтан рече дека спиел во кабината кога го разбудиле извиците на капитенот.
– Мислев дека тонеме. „Тоа беше ужасен звук на удар“, рече Нејтан.
Мартин набрзо сфатил дека еден од китовите има парче кормило во устата и му било јасно дека повеќе нема да можат да пловат.
Тогаш сите се исплашиле дека бродот ќе потоне, бидејќи китовите продолжиле да удираат по јахтата.
Мартин ја повикал крајбрежната стража за помош, го исклучил напојувањето и ги спуштил едрата, очекувајќи понатамошни случувања.
– И самиот бев загрижен, бидејќи бевме доволно далеку од брегот што, во случај нешто да се случи, ќе бидеме во сериозна неволја – изјави Мартин.
Нападот на китовите траеше повеќе од два часа, а потоа исчезнаа исто толку брзо како што дојдоа.
Екипажот на оштетениот брод некако успеал да стигне до пристаништето во Гибралтар.
И Мартин и Нејтан се сметаат себеси за многу среќни што го избегнаа најлошото сценарио.
Да потсетиме, минатата година имаше многу извештаи за напад на орки врз бродови недалеку од бреговите на Шпанија и Португалија.
Во изминатите две години се пријавени повеќе од 230 „средби“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

