Забава
Скапи чанти од светски познати брендови
Жени и чанти. Тие одат заедно како карамела. Многумина ги виделе долгите редици пред благајните сред распродажба од 75% на Црн петок во „Мејсис“.
Женската чанта обично е нејзиниот најценет имот, затоа што ги содржи мистериите на нејзиниот живот. Чантите не се само модни додатоци. Тие се издигнати до изјава за стил, вкус, личност, како и статус и богатство.
Ова се некои од најскапите плик-чанти, чанти и торби со различни облици и големини.
Bellevue Media, Loro Piana – цената за ова парче е 12.450 долари
Double Sens 36, Hermes – Luxury Handbag Brand – цената е 30.000 долари
Flap Bag, Chanel – една од најскапите чанти „Шанел“ достапна за 9.624 долари.
Positano Tote Red Alligator, Lana Marks – моментално достапна за 19.890 долари
Фенди – 27.700 долари
Rajah Medium Crocodile Shoulder Bag, Gucci – ова чанта „Гучи“ е достапна само за нарачка однапред, чини 19.571 долари
Mouawad 1001 Nights Diamond Bag – ова парче ја црпи својата инспирација од најепските романтични приказни. Повторно излегува на продажба. Последен пат продадена преку „Кристис“ Хонгконг за повеќе од 3,8 милиони долари во октомври 2017 година, оваа чанта го држи Гинисовиот светски рекорд како најскапа во светот. Рачно изработена од 18-каратно злато и содржи 4.517 дијаманти (105 жолти, 56 розови и 4.356 безбојни дијаманти).
Според некои модни списанија, скапата чанта не е само стилски додаток – таа е и исплатлива инвестиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Прекрасната манекенка ги изненади сите во Њујорк со длабоко деколте
Шведската манекенка Елса Хоск продолжува да доминира со својата единствена убавина. Откако блесна во Лос Анџелес, Елса приреди моден спектакл и во Њујорк.
Поранешниот ангел на „Викторија сикрет“ за оваа пригода избра провокативен фустан со светки и циркони, кој е врзан околу вратот, а најинтересно од сè е, секако, длабокото деколте, кое Елса овој пат го „фрли“ во преден план.

Не е невообичаено таа да се осмели да носи ваков смел модел на фустан. Ефективниот стајлинг го надополни со накит, нараквица, прстен и обетки, а тоа беше доволно за сите да се сетат на уште едно секси издание на убавата Скандинавка.

За разлика од претходниот настан каде што ја имаше косата пуштена, овој пат ја собра во пунџа и ги остави своите свиткани шишки на страна.

Не е ни чудо што Елса Хоск е една од најпознатите модели. Нема многу детали за нејзиниот приватен живот, убавата манекенка се труди сè да го држи подалеку од очите на јавноста, но се знае дека неодамна се свршила по десет години врска.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Црната пантерка цела во бело: светот на модата остана без зборови
Поранешната супермоделка Наоми Кембел, позната и како „Црната пантерка“, едно од најпознатите лица во светот на моделингот, сè уште воодушевува со својот изглед и се чини дека никогаш нема да престане, иако има 55 години.
Наоми изгледаше фантастично на гламурозната церемонија на доделувањето на модните награди CFDA 2025, одржана во Њујорк, како штотуку да слегла од модната писта.

Настанот собра големи имиња од светот на познатите личности, а Наоми имаше чест да му ја додели наградата „Меѓународен дизајнер на годината“ на Питер Мулиер.
Нејзиниот аутфит за овој престижен настан беше повеќе од интересен и беше потпишан од модниот бренд ALAÏA, кој често го носи Ријана, како и други познати ѕвезди.

Се појави во бело од глава до пети – вклучувајќи бели чевли, и носеше очила за сонце како моден детаљ.
Наоми уште еднаш покажа со овој впечатлив аутфит дека е икона на стилот, и оправдано беше една од најдобро облечените познати личности на настанот, а реакциите на социјалните мрежи беа исклучиво позитивни.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ријана се појави во јавноста за прв пат по породувањето
Пејачката Ријана неодамна го роди своето трето дете, овој пат девојче, а сега веќе се појави на доделувањето на наградите CFDA во Њујорк, каде што дојде да го поддржи својот партнер, Асап Роки, кој ја освои наградата Fashion Icon.

И во сите претходни години, Ријана беше дополнително неверојатна од настан до настан, и се чини дека дури сега сфативме колку ни недостигаа нејзините модни изданија.

Како вистинска икона на стилот, таа повторно доминираше на црвениот тепих, овој пат во уникатна облека.

Ријана избра бели плисирани панталони кои ги комбинираше со црн топ, додека преку сè носеше асиметричен капут и го зачини своето екстравагантно издание. Интересно е што панталоните беа вметнати во црни чевли, па пејачката повторно ја покажа целата своја оригиналност.

Со оглед на тоа што сè беше преголемо, Ријана целосно отстапи од традиционалната облека и испрати моќна порака за индивидуалност и женска сила.

„Модерна, шик, прекрасна“, „Таа штотуку се породи и вака изгледа“, „Ти си совршена“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин

