Македонија
СДСМ: На Мицкоски и Апасиев им се случи нов изборен пораз, двојна победа на Ковачевски и коалицијата на СДСМ
Со двојнатата победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и Маврово Ростуше граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности. Граѓаните во тешки времиња препознаа дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики и на Мицкоски и Апасиев им испорачаа нов изборен пораз, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека што и да зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ фактите се неумоливи. Тие на вонредните локални избори изгубија во две општини, а во третата имаат пад на гласовите од над 1.000 гласа. Мицкоски може да се врати во основно образование бидејќи и математиката и политиката му се слаба страна. Тоа што се обидува сопствениот пораз да го претставува за некаква победа покажува дека Мицкоски има проблем со математичките операции ама и со логиката.
Можеби затоа и го нема да се јави Мицкоски со денови, макар и на својот ФБ-профил. Нема што да каже, бидејќи граѓаните му кажаа дека се за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, одговорност и посветеност, а против блокади, деструкции, лаги и шпекулации, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

