Македонија
Трипуновски: Состојбата со африканската свинска чума и понатаму е сериозна
„По партиските активности, шетањето и прославувањето на роденденот во Словенија, министерот за земјоделство Љупчо Николовски Путерот конечно се огласи и се пофали дека се одржал првиот, повторувам првиот состанок на координативното тело за мониторинг и спречување на ширење на болеста африканска свинска чума и констатира дека состојбата во моментот е стабилизирана, на кој притоа тој како министер не беше присутен“, напиша на Фејсбук меѓудругото Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој смета дека „ова е тотално потфрлање со целата ситуација, откако свињарскиот сектор беше загрозен, откако одгледувачите на свињи беа принудени сами да се снаоѓаат и да бараат решение за справување со болеста, Николовски без срам и перде, без малку чувство на одговорност констатира дека сè е под контрола, заборавајќи дека во најголемото жариште, тој не беше тука, а ниту АХВ ниту тој не предложија никакви мерки за спречување на болеста“.
„Како состојбата е стабилизирана кога само пред два дена медиумите пренесуваа дека жителите на кочанските села масовно ги колат домашните свињи, бидејќи поради појавата на африканска свинска чума, се плашат дека свињите ќе им бидат земени, а тие ќе останат и без пари и без храна за претстојната зима, што може да значи дека африканската свинска чума е распространета насекаде“, напиша Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

