Свет
Автобус паднал во бездна длабока повеќе од сто метри, четири лица загинале

Четворица туристи загинаа, а 16 се повредени во сообраќајна несреќа во Перу по посетата на античкиот град на Инките Мачу Пикчу.
Двајца од загинатите туристи биле од Колумбија, а другите двајца сè уште не се официјално идентификувани, соопшти провинциската влада во Куско, пренесува Јутарњи.хр.
Меѓу повредените има четворица Французи, двајца Грци, Канаѓани, Израелци, Аргентинци и Перуанци и едно неидентификувано лице.
Несреќата се случила ноќта кон понеделникот, на место кое е на околу сто километри од Куско, некогашниот главен град на Инките, од каде туристите ја почнуваат својата обиколка на Мачу Пикчу.
– Автобусот паднал во бездна длабока повеќе од сто метри – изјави министерот за труд и туризам Роберто Санчез, истакнувајќи дека на местото на несреќата имало магла.
– Туристите со тешки повреди беа превезени со воен авион во Лима – додаде тој.
Сообраќајните несреќи се чести во Перу поради лошата патна мрежа, брзото возење и несоодветната сигнализација.
Пред три дена, 16 лица загинаа кога нивниот автобус падна во бездна во провинцијата Јунино, во центарот.
Околу 5.000 туристи го посетуваат Мачу Пикчу во просек секој ден, пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.