Свет
Казна за сопругот на Ненси Пелоси, пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Пол Пелоси (82) – сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше осуден во вторникот на пет дена затвор и наредено е да плати 6.800 долари парична казна откако се изјасни за виновен за предизвикување повреда со возење во алкохолизирана состојба во Калифорнија, во мај годинава.
Тој ќе го избегне затворот откако судијата одлучи дека четири дена притвор по апсењето му се сметаат за казна. Наместо да остане еден ден, судијата му нареди да работи општо корисна работа, изјави неговата адвокатка Аманда Бевинс.
Бевинс се изјасни во име на нејзиниот клиент во Врховниот суд во округот Напа, Калифорнија. Обвинетиот одлучил да не се појави на рочиштето бидејќи неговото присуство не било задолжително.
Пол Пелоси беше уапсен под сомнение дека возел под дејство на алкохол откако во мај учествувал во сообраќајна несреќа во Калифорнија. Никој не е сериозно повреден.
Иако беше поштеден од дополнителна затворска време, Пол Пелоси доби три години условна казна и забрана за управување со моторно возило на една година.
Тој мораше да плати 4.927 долари како реституција на возачот на другиот автомобил за медицински сметки и изгубени плати, плус стандардна доплата од 150 долари и судска казна од 1.723 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта