Контакт

Економија

Академијата за кибербезбедност на Американскиот универзитет на Европа – ФОН станува атрактивна во регионот

Објавено пред

Академијата за кибербезбедност којашто формираше Американскиот универзитет на Европа – ФОН го привлече вниманието и станува атрактивна во регионот.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на продлабочување на соработката со универзитети од регионот, ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска-Јанушевска оствaри работна посета на Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ), приватен универзитет од Софија, Република Бугарија.

На средбата со ректорот на ВУЗФ универзитетот проф. д-р на правни науки, Борис Велчев, ректорката Пулеска Јанушевска ја промовираше Академијата за кибербезбедност на АУЕ – ФОН како регионален центар за обука на професионалци од областа за кибербезбедност во соработка со ThriveDX од Израел, што предизвика голем интерес во Бугарија, заради можноста за професионална едукација и усовршување на кадри за најбараната професија на денешницата.

Ректорите на двата универзитети на денешната средба потврдија дека е започната постапка за акредитација на наставниот кадар од Американскиот универзитет на Европа – ФОН за менторирање на докторски студии на ВУЗФ универзитетот. Наставниот кадар од АУЕ-ФОН ќе има можност да менторира докторски студии од областа на економијата на две програми: финансии, осигурување и социјално осигурување, како и сметководство, контролинг и анализа.

Во исто време, академскиот кадар од АУЕ -ФОН ќе може да објавува свои трудови во релевантни меѓународни списанија во Бугарија.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН како резултат на веќе воспоставеното стратешко партнерство и соработка со ВУЗФ универзитетот од Софија, на своите сегашни и идни студенти и алумни им овозможува да се стекнат со двојни дипломи од областа на бизнис-економија, менаџментот и финансиите за прв и за втор циклус на студии.

Со двојните дипломи на студентите на АУЕ – ФОН им се отвораат нови перспективи за професионален и кариерен развој во Европа и пошироко, како и со стекнување на академска квалификација која без процедури на нострификација е валидна во државите членки на ЕУ.

ПР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Американскa компанија ќе инвестира во Македонија, објави Мицкоски од Вашингтон

Објавено пред

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија, објави на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски, кој се наоѓа во посета на Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Се работи за компанија којашто е дел од 500. најголеми компании во САД, а се занимава со производство на сопирачки за шински возила.

„Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра“, соопшти Мицкоски додавајќи дека поголем извоз гарантира подобра иднина.

Претходно, од владината прес-служба информираа дека посетата на Мицкоски има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори.

Прикажи повеќе...

Економија

Средба Божиновска – Агелер: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Ангела Агелер.

dobivaj vesti na viber

Како што известува Министерството, на средбата се разговарало за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.

Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.

Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, истакна Божиновска имајќи предвид дека стратешката определба која е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД.

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија, се наведува во соопштението на Министерството.

Прикажи повеќе...

Економија

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 1.7.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,641 %, кај дизелот зголемувањето е во просек 1,924 % , кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек 1,125 % и кај „мазутот“ зголемување во просек околу 2,178 % поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно приспособување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок з,355 %.
Од 9.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 84,00 (денари/литар)
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 86,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 48,634 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат1,00 денар/л.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,626 денари/кг.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Американскa компанија ќе инвестира во Македонија, објави Мицкоски од Вашингтон

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на...

Економија10 часа

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија10 часа

Кривичен: Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за...

Македонија10 часа

Лефков со прашања до Филипче: Со какви туѓи перја се китиме, црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Со каква плата направи хациенда на Водно

„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со...

Македонија11 часа

Меџити на средба со пензионерите говореше за двете фази од покачувањето на пензиите: првата почнува од септември

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот Фатмир Лимани, пратеникот Беким Сали...

Македонија13 часа

Царинската управа: Мобилен тим спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот, воедно и сопственик...

Македонија13 часа

(Видео) Спасен маж од длабока тиња и кал како од жив песок на реката Пчиња

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша...

Топ14 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист

Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за...

Македонија14 часа

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација...

Македонија15 часа

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна, само Македонија, прашува Филипче

Христијан Мицкоски, кој во Вашингтон отиде со половина од своите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот...

Македонија15 часа

Фрчкоски со најава дека е подготвен да се повлече од амбасадорското место: МНР нема потреба да измеќарува

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е погоден на идеологијата на новите власти. И...

Македонија16 часа

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија1 ден

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за...

Македонија1 ден

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија1 ден

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет2 дена

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион2 дена

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет2 дена

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...