Македонија
МОН: Рокот за аплицирање за стипендии на најдобрите светски универзитети е до 15 септември
Поради големиот интерес на младите од Северна Македонија за студирање на најдобрите 100 светски универзитети според шангајската ранг-листа, Министерството за образование и наука донесе одлука рокот за аплицирање за доделување на стипендија за престижните студии да остане до 15 септември.
Иако има значително зголемен број на апликации на објавените конкурси за стипендии за прв, втор и трет циклус на студии на највисоко рангираните високообразовни установи во светски рамки, министерството врз основа на извршени дополнителни анализи одлучи рокот за аплицирање да не се менува.
„Потсетуваме, право да аплицираат на конкурсите за стипендии имаат државјани на Република Северна Македонија кои се примени на некој од најдобрите 100 универзитети во светот, не се корисници на стипендија од друг давател и имаат постигнато одреден успех во текот на претходното образование (зависно од циклусот на студии на кој се запишуваат)“, велат од МОН.
Оттаму информираат дека износот на стипендијата зависи од земјата и универзитетот на кој кандидатот се запишал и го покрива трошокот за уписнина најмногу до 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надомест и трошоците за превоз.
По завршувањето на студиите кандидатите согласно потпишаниот договор имаат обврска да се вратат во Република Северна Македонија и да работат во јавниот или приватниот сектор најмалку двојно поголем период од периодот на студирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.