Контакт

Економија

Одговор од Трифун Костовски: „Сведоци сме на оркестрирана одбрана на корумпираниот систем“

Објавено пред

Почитувани граѓани на Република Македонија,

dobivaj vesti na viber

Денес ќе го изнесам моето лично видување на оркестрираните реакции од страна на Народна банка на Македонија, Комерцијална банка, Македонска банкарска асоцијација, Јавното обвинителство вклучително и реакциите на бившите гувернери на Народна банка, господата Гошев и Богов.

Најнапред, сакам да обзнанам дека истрагата која беше презентирана и објавена на социјалните мрежи е водена без мои сугестии во текот на целата истрага. За вакво тврдење укажува фактот дека и мојата Еуростандард банка во ништо не беше поштедена при самиот чин на обзнанување на извештајот.

Ве убедувам, не треба да имате ниту трунка сомнеж за веродостојноста на веќе објавениот извештај, изготвен од најеминентни стручни познавачи на банкарскиот криминал.

Реакциите на сите погореспоменати институции и личности имаат заеднички именител, а тоа е да се брани нешто што не е одбранливо. Поривите на институциите до некаде ги разбирам, бидејќи објавениот извештај се однесува на севкупниот банкарски систем на Република Македонија, каде Еуростандард банка била само една мала алка во синџирот на незаконско работење.
Последиците од овој извештај може да бидат многу тешки за целата држава, доколку институциите повикани да делуваат го отворат случајот и се зафатат со вистинско расчистување на организираниот криминал во банкарскиот систем. Од тој аспект, токму поради можноста за евентуален банкрот на Македонија, упатувам апел до институциите да час поскоро се зафатат во костец со овој организиран криминал и да го елиминираат многу внимателно, при што главните креатори и носители на овој криминал да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Извештајот недвосмислено укажува дека Еуростандард банка, како дел на овој децениски безмилосно воспоставен систем кој е во непречена функција веќе две децении е колатерала. Зошто? Затоа што ние акционерите сакавме заедно со новиот Управен одбор на банката да излеземе од ваков систем на функционирање. Тоа не ни го дозволија. Прашање е кој? Тоа се токму институциите и лицата кои први реагираа на објавениот извештај. Објавениот извештај има несоборливи факти, пред кој посебно Обвинителството не смее да молчи, туку напротив треба да преземе сериозни чекори во расчистувањето на ова општествено зло, со најмали можни последици по државата.

Од соопштението на Народна банка произлегува заклучокот дека оваа многу сериозна институција е водена од личност која во себе нема инкорпорирано никакво познавање на макро-економски, микро-економски и финансиски план. Недвосмислено е дека најсилните банки во Република Македонија се дел од ова општествено зло.

Ќе ги повторам многупати искажаните аргументи дека Народна банка без да ги користи сите инструменти, со умисла ја однесе Еуростандард банка во стечај. Таа ги прескокна вонредните мерки, кои во себе вклучуваат одземање  лиценци, а лиценца значи право на извршување на должност на лица, членови во Надзорниот одбор, Управниот одбор и директори на сектори во банката. Ако јас сум згрешил во изборот на Управниот одбор, а Народна банка била свесна дека лиценцираниот од неа директор работи спротивно на законот за банки, тогаш таа требаше да ги одземе лиценците. Тоа од страна на Народна банка никогаш не беше сторено. Инструментот воведување администрација во банката се прескокна од причина само нив позната, а денес и во јавноста е јасно дека средства за наплата во банката имало и дека по едногодишна пауза повторно ќе ѝ беше вратена лиценцата. Факт кој говори за тенденциозноста на Народна банка да го изврши овој чин е тримесечното одбивање да биде примен на разговор потенцијалниот инвеститор и купувач кој ги имаше исполнето сите критериуми, барани од страна на Народна банка.

Дрзок беше чинот од страна на гувернерката Бежоска кога во нејзиното интервју за неделникот Фокус, објавено на 3 септември 2020 година, недвосмислено потврди дека инсистирањето на докапитализацијата каде ние акционерите вложивме нови 11 милиони евра, само 6 месеци пред објавувањето на стечајот, било со единствена цел – да се обезбедат клиентите на Еуростандард банка.

И на крајот, јавноста мора да знае дека на 7 август 2020 година е одржана видеоконференција меѓу Надзорниот одбор на Еуростандард банка и в.д. генералниот директор Димитар Бојаџиоски со вицегувернери и директори на супервизија од страна на Народна банка, кога се утврди датум дека до 14 август, ние акционерите мора да ја докапитализираме банката за нови 2,4 милиони евра. За жал, гувернерката Бежоска не го дочека 14 август за да види дали ние, акционерите, ќе ја докапитализираме банката, туку два дена порано, на 12 август, таа ја однесе банката во стечај.
Повторувам, Народна банка е само егзекутор, додека наредбодавците се токму лицата кои го имплементираа незаконското банкарско работење со заеми кои доведоа до димензии на неподносливост.

Сакам јавноста да знае, бидејќи сите реакции почнувајќи од Комерцијална банка, Народна банка и Македонската банкарска асоцијација, говорат за стабилноста на банкарскиот систем во Македонија. По светската реномирана агенција за рангирање Standard & Poor’s, банкарскиот систем во Македонија е во слободен пад. Во 2020 година го имала рејтингот ББ+, во 2021 година рејтингот паѓа само на ББ, а во оваа 2022 година банкарскиот рејтинг е ББ-. Следното паѓање, според оваа реномирана агенција, би било во многу пониски категории. Ова се факти кои говорат како е перципиран нашиот банкарски систем.

Во врска со изјавите на господата Гошев и Богов, мојот коментар е следен:

Според објавениот извештај првите индикации за појавување на недозволени позајмици во банкарскиот систем се евидентирани во 2004 година, токму во моментот кога за гувернер е назначен Петар Гошев. Се прашувам дали Гошев се брани себеси или го штити неговиот патрон?
Реакцијата на господинот Богов е на место. За многумина од нас сè уште е нејасно како може вака етаблиран банкарски систем да функционира. Сакам да упатам до господинот Богов прашање: дали како гувернер на Народна банка функционираше како независно тело или беше ставен под контрола на одредени силни играчи на политичкиот и банкарскиот свет? Конкретно се работи за продажбата на старата Алфа банка каде до последните денови Еуростандард банка беше прва на листата за нејзино купување, со што објективно Еуростандард банка ќе зајакнеше, меѓутоа во последните пет дена пред продавањето на Алфа банка наеднаш се појави фирма, тукушто формирана со минимален капитал, која дојде на прво место како потенцијален купувач по критериумите на Народна банка и господинот Богов. Господине Богов, бидете искрен кој ви нареди Еуростандард банка да не ја купи Алфа банка и дали чувствувате вина за ова што ѝ се случи на Еуростандард банка?

За јавноста да знае, тогашната Алфа банка е денешната Силк роуд банка.

Обзнанувам, дека ќе следат пресови во блиска иднина кои временски нема да бидат лимитирани и каде во детали ќе бидат обзнаени шемите на така наречените позајмици.

ПР

Економија

Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.

dobivaj vesti na viber

„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.

„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.

Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.

Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.

Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.

Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.

Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.

Прикажи повеќе...

Економија

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

Објавено пред

По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

dobivaj vesti na viber

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.

Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

MG Motor достигна 1 милион продадени возила во Европа

Објавено пред

◾ Продадени 1 милион MG Motor возила во Европа

dobivaj vesti na viber

◾ Испорачани над 300.000 електрични MG Motor возила

◾ 386.000 продажби на домашниот пазар во Обединетото Кралство

◾ Продажбата на Hybrid+ моделите го поттикнува растот

 

MG Motor денес потврди дека го испорача своето милионито возило во Европа. MG Motor се врати на својот домашен пазар во Обединетото Кралство во 2011 година со моделот MG6, а оттогаш прерасна во сè поприсутен и популарен бренд низ Европа, со повеќе од 1.300 дилерски партнери и присуство на 34 пазари.

Клучен фактор зад подемот на MG Motor е способноста на брендот да понуди навистина достапни, стилски и возбудливи за возење електрични и напредни хибридни возила, достапни пред многу други брендови. Оригиналниот и високо пофален MG4 EV се покажа како значаен успех. До денес, MG Motor има испорачано 317.000 електрични возила во Европа и неодамна ги лансираше моделите 2026 MG4 EV и целосно новиот MG4 EV Urban.

Компанијата исто така беше предводник во воведувањето на електрични возила фокусирани на перформанси, при што впечатливо дизајнираниот MG Cyberster нуди модерно искуство на возење со отворен покрив. Осмислен во дизајнерското студио на компанијата во Лондон, наградуваниот Cyberster имаше водечка улога во одбележувањето на 100-годишнината на MG Motor на фестивалот Goodwood Festival of Speed.

MG Motor оствари и значителен пораст на нарачките во текот на 2025 година со своите високо ефикасни и практични Hybrid+ модели, со 139.000 испораки што дополнително го забрзаа растот на брендот. Guy Pigounakis, комерцијален директор на MG Motor UK, кој придонесе MG повторно да се позиционира меѓу топ 10 брендови на британскиот пазар со вкупно 386.000 продажби, изјави:

„MG Motor успешно се врати во европскиот автомобилски мејнстрим со испораката на своето милионито возило. Длабоката наклонетост кон MG, иконскиот британски спортски бренд, кој има развиена култура на класични автомобили и бројни групи на страствени сопственици, претставува вредност што ја цениме и почитуваме. Ова наследство продолжува да ја обликува нашата стратешка насока и ја зацврстува нашата посветеност кон електричните перформансни автомобили.“

„Сепак, денешниот MG повторно ја стекна својата истакната позиција нудејќи широк избор на модели и усвојувајќи визионерски пристап, особено во сегментот на хибридни и електрични возила, често пред другите, како и преку инвестиции во релевантна и достапна технологија. Воедно, доследно ја истакнуваме вкупната вредност што ја нудиме, на што бројни клиенти позитивно одговорија.“

MG Motor во првата половина од 2026 година ќе објави неколку значајни новитети поврзани со технологија и дизајн, со што дополнително ќе ја нагласи својата посветеност кон европските клиенти.

MG Motor ВО ЕВРОПА – 1 МИЛИОН ПРОДАЖБИ
Клучни бројки


За MG Motor

Основан во Англија во 1924 година, MG Motor стана еден од најпрепознатливите автомобилски брендови во светот, познат по стилските и достапни британски спортски автомобили кои донесоа возбудливо возачко искуство на милиони луѓе. Повеќе од еден век подоцна, наследството на иновации и достапност на MG продолжува – како преку илјадниците класични модели, така и преку новата генерација возила дизајнирани за иднината на мобилноста.

Денес, MG Motor им нуди на европските возачи сеопфатна палета модели за сите потреби – од бензински и високо-ефикасни хибридни погонски системи, до достапни целосно електрични возила. MG е препознатлив по тоа што ги прави електричните возила достапни, практични и забавни за возење.

MG Motor е активен во 34 еврoпски земји со околу 1.300 дилерски партнери, поддржани со 7-годишна / 150.000 km гаранција, градејќи доверба кај клиентите низ целиот континент.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија2 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија4 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија4 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион5 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет6 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет6 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија7 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет7 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија20 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија20 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија23 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија1 ден

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија1 ден

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија1 ден

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија1 ден

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија1 ден

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија1 ден

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија1 ден

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...